Таг: пишување

Зошто краткоста не е (секогаш) доблест?

Можеби сте го забележале тоа во книги кои претендираат на комерцијален успех, па дури и како бавна но сигурна промена на стилот кај автори кои не почнале со таква намера. Романите кај нив се поделени на подпоглавја, кои повеќе личат на раскази, а речениците се кратки и „ту д поинт“. Колку идеи умираат ако речениците се сведат на само шест зборови? 

Јапонско кафуле од кое не може да се излезе без напишан текст

Некому ќе му асоцира на пеколно заложништво. Нам ни изгледа како добар начин сите оние кои имаат дипломска, превод или поглавје од книга за пишување да седнат и под притисок да ја завршат работата. За секое надминување на рокот кој самите си го поставиле се плаќа казна.

Мислите ли дека од вашиот живот би се направил добар роман?

Според нова студија, повеќе од половината Американци мислат дека во нив чучи идеја за роман, иако никогаш не се обиделе да го напишат. Најголемиот проблем, според нив, е „писателската блокада“ или немањето слободно време. Поинтересно е што ликот што ги фасцинира и за чиј живот би пишувале е токму нивниот.

Koлку вреди зборот (буквално)?

Не е метафора, туку пазарно прашање: колку вреди трудот на пишувачите на текстови, истите оние кои ги читаме секојдневно по интернет?

Четири причини зошто писателите имаат потреба да пишуваат

Некои тоа го прават заради слава, други за пари, трети за џабе. Според различни теории, пишувачкиот поттик е поврзан со сексуалните нагони, со потребата човек терапевтски да се испразни или пишувајќи да се обиде да воспостави контрола над светот и сопствениот живот. Но според Орвел сè се сведува на само неколку причини.

ММЕ кој прв почна да пишува за пари

Кога парите ќе се замешаат во муабетот за уметноста, одеднаш како во собата некој да прднал. Наместо да се преправаме дека не ја чувствуваме смрдеата, можеби е подобро чесно да ставиме цена на секој наш збор. И да не ги обвинуваме (старите) Грци што први се сетиле на ова.

25 новинарски заповеди

Пoранешен уредник во Гардијан, Тим Радфорд, го кондензира своето новинарско искуство во јасни, иако понекогаш сурови правила за оние со амбиција да се занимаваат со оваа професија.

Игра која те тера да пишуваш проза и поезија

Три портали се отворени како влезови во непознати светови. Земјаните имаат испратено тимови да ги истражат, но по некаква несреќа ти си единствениот преживеан. Мисијата сепак останува иста: да се опстане, и да се раскаже.

Постојат само 37 можни приказни

„Еден човек убива една жена и потоа се чувствува лошо“. Ова може да биде заплетот на „Злосторство и казна“, но и на бројни театарски драми или филмови. Иако може да се разликуваат во детали, постојат ограничен број приказни, кои ги вртиме откако постои човек кој има нешто да раскаже.

Зошто некој би гледал пренос од пишување роман?

Дали гледањето како некој создава книжевно дело ви го расипува или ви го збогатува чувството, како да сте ѕирнале зад кулисите? Дали од страна на писателите ова е егзибиционизам, или симболички чин кој сака да укаже на фактот дека денес никој и никаде не е ненабљудуван, дури и во најинтимниот момент на создавање?

Само пречкртајте ги погрешните зборови

Oткако неодамна ја релативизиравме вредноста на цитирањето како интелектуален чин, најлогичниот след на настаните е да објавиме - цитати за пишувањето!

Дали треба да се пишува само за она што добро се познава?

Во интересен текст во Њујорк Тајмс, Бен Јагода анализира три вообичаени совети за пишување. Еден од нив е најзафркнат.

Аааа, мастило, мастило

Вилијам Фокнер тврдеше дека човечката цивилизација започнува со откривање на дестилацијата (па во име на уљудноста секогаш држел при рака шише алкохолен дестилат кога пишувал). Но, врската меѓу алкохолот и пишувањето е многу посуштинска од навиките на писателите.

Илустрирани совети за пишување

Пред некое време ги објавивме 22-те совети за раскажување приказна на Ема Коутс, сториборд уметник во Пиксар, ама еве ги повторно, овој пат „зипувани" и прикажани со Лего фигури. Вака илустрирани не верувам дека некогаш ќе ги заборавите.

 

30-те техники за пишување на Керуак

Списокот бил наводно нашкрабан на ѕидот во хотелската соба на Гинзберг во Норт Бич, а правилата на него се однесуваат колку на литературата, толку и на животот.

Емоциите во светот на QWERTY

Ако сакате да напишете нешто позитивно, форсирајте ги буквите кои се наоѓаат на десната страна на вашата тастатура. Со левите имаме мака при пишување па затоа и при читање не ни се... некако.