Аааа, мастило, мастило

Вилијам Фокнер тврдеше дека човечката цивилизација започнува со откривање на дестилацијата (па во име на уљудноста секогаш држел при рака шише алкохолен дестилат кога пишувал). Но, врската меѓу алкохолот и пишувањето е многу посуштинска од навиките на писателите.

Ако во виното е вистината тогаш сè што е напишано меѓу 12-от и 19-от век не може да е сосема лажно. Во тој период виното бил клучен елемент во мастилото за пишување.

Вино има во историската Магна карта, во цртежите на Ван Гог, скиците на Да Винчи или нотните записи на Бах.

Виното било користено заради својата чистота (во тоа време водата не била ни за во кондура) и затоа што се верувало дека тоа им дава стабилност на боите во мастилото.

Доминантноста на овој рецепт завршува во 19-от век, кога во мода влегуваат челичните налив пера за кои се утврдува дека дотогашното полнење ги кородира па морало да се бараат нови рецепти.

Не само пенкалата туку старото мастило ја нагризувало и хартијата, што може да се забeлежи на стари материјали како што се скиците на Рембрант.

Во последно време, една шпанска винарија маркетиншки се обидува да го врати шмекот на старите времиња па нуди мастило за пишување на база на каберне совињон.

19 април 2013 - 12:17