Пар истражувања утврдиле дека зборовите во кои доминираат букви од десно од страна на QWERTY тастатурата (сè што е десно од Т, Г и Б) луѓето ги перцепираат попозитивно отколку оние другите.
Ефектот најверојатно се должи на фактот дека комбинациите од букви сместени на десната страна ни се многу полесни за пишување а "потешките букви" се наоѓаат лево. Потоа доаѓа до "прелевање" на овој факт и при перцепцијата на зборовите.
Прелевањето претходно е забележано кај имињата: оние кои се потешки за изговарање предизвикуваат помалку позитивни вибрации кај луѓето.
Глобалната компјутеризацијата која го прифати QWERTY стандардот и милионите зборови отчукани на таа комбинација долгорочно го обликува значењето и емоциите кои ги предизвикуваат прочитаните зборови.
QWERTY тастатурата датира од 1868-ма година и намерно е направена бавна (најчестата буква "а" треба да ја пишуваме со најнеспособниот прст - малиот од лева рака) за да се избегне заглавувањето на буквите во механичките машини до кое доаѓа кога се пишува пребрзо.
Иако далеку побрза, алтернативата на QWERTY, Дворак, веројатно никогаш нема да стане доминантна. Утврдено е дека во еден типичен работен ден, прстите на Дворак преоѓаат вкупно една милја, а за истата количина напишан текст, на QWERTY поминуваат од 16 до 20 миљи.