Ема Коутс, сториборд уметник во Пиксар, го собрала на едно место она што го научила околу склопувањето приказни во текот на нејзината работа. Еве ги нејзините 22 совета, кои изгледа како да им биле попознати на древните народни раскажувачи, или на современите сценаристи, отколку на некои писатели. Особено на оние во чии приказни нема ни ликови, ни настани.
1. Му се восхитуваш на одреден лик повеќе заради тоа што се обидува, отколку затоа што успева.
2. Треба да го имаш на ум она што ти е интересно како публика, а не она што ти е забавно како писател. Тие две работи можат да бидат многу различни.
3. Да се обидеш да пишуваш на одредена тема е важно, но всушност до крајот на пишувањето нема целосно да знаеш за што е приказната. Ако си тргнал со одредена тема, тогаш ќе треба да ја пишуваш одново.
4. Еднаш одамна си беше_______. Секој ден, _____. Еден ден _______. Заради тоа, _______. Заради тоа, ______. Додека конечно ______.
5. Поедностави. Фокусирај се. Комбинирај ги ликовите. Прескокнувај ги дигресиите. Ќе чувствуваш дека губиш нешто вредно, но тоа те ослободува.
6. Во што е добар твојот лик, со што се чувствува удобно? Соочи го со неговиот опозит. Предизвикај го. Како се однесува?
7. Смисли го крајот пред да ја смислиш средината. Сериозно. Краевите се тешки, па испланирај го однапред.
8. Заврши ја приказната, дури и ако не е совршена. Во идеален свет би ги имал двете, но продолжи. Ќе биде подобро следниот пат.
9. Кога ќе заглавиш, направи список на она што НЕМА да се случи следно. Често тоа е начинот на кој ќе се извлечеш.
10. Расчлени ги приказните кои ги сакаш. Она што го сакаш е дел од тебе, треба да го препознаеш пред да го употребиш.
11. Ставањето на хартија е чекор кон поправање на работите. Ако остане во твојата глава дури и совршената идеја нема да биде споделена со никого.
12. Отфрли ја првата работа која ќе ти дојде на ум. И втората, и третата, и четвртата и петата - тргни го очигледното од патот. Изненади се себеси.
13. Дај им мислења на твоите ликови. Пасивните можеби ти изгледаат симпатични, ама тоа е отров за публиката.
14. Зошто мораш да ја кажеш баш оваа приказна? Кое е тоа уверување кое гори во тебе и од кое се храни твојата приказна? Тоа е нејзиното срце.
15. Ако си ти твојот лик, во оваа ситуација, како би се чувствувал? Чесноста им дава кредибилитет на неверојатните ситуации.
16. Што е залогот? Дај ни причина да сме на страната на твојот лик. Што ќе се случи ако тој не успее? Прикажи ги последиците.
17. Ниту еден труд не е залуден. Ако не функционира, остај и продолжи - подоцна ќе се покаже како корисно.
18. Треба да се познаваш себеси: разликата помеѓу тоа да правиш нешто најдобро што можеш и мафтањето наоколу. Приказната е тестирање, не рафинирање.
19. Случајностите за вовлекување на ликовите во невоља се супер, случајностите со кои тие излегуваат од неа се лажење.
20. Вежбај: земи ги градбените елементи од филм кој не го сакаш. Како би ги прераспределил за тој да ти се допаѓа?
21. Треба да се идентификуваш со твоите ситуации/ликови, не може само да пишуваш 'кул'. Што ќе направи ТИ да се однесуваш така како ликовите?
22. Што е суштината на твојата приказна? Како најекономично би се изразил? Ако го знаеш тоа, тогаш можеш да градиш понатаму.