Исланѓаните беа во идентична ситуација како нас и бркаа бодови откако губеа 1:2 од Финска, резултат кој стоеше на семафорот на паузата. И тие како нас имаа шанса да израмнат од пенал, но тоа не се случи во 51 минута кога ударот од белата точка не го реализираше Сигурдсон.
Резултатот не мрдаше сè до 90 минута и потоа пред голот на Финска беше драма Хичкок. Во првата минута од судиското продолжение Финбогасон израмни на 2:2, а во 95-та не се знаеше кој јаде кој пие.
Домаќините изведоа слободен удар од средина на терен и сите беа во налет за целосен пресврт. Топката на крај заврши на гол линија, а голманот на гостите додека ја држеше со рака Сигурдсон му ја боцна и го удри по лице.
Ситуацијата толку беше конфузна што се виде и по реакцијата на главниот судија кој немаше појма што да досуди. Откако го призна голот еден од играчите на Финска му се сипа.
Главното прашање е како е можно после толку грешки во фудбалот, ФИФА да не обезбеди гол технологија во квалификациски циклус за Светско првенство?
Забавена снимка од спорниот момент
Хајлајтс со сите голови