Финскиот пастор кој повеќето го знаат по прекарот црниот Хитлер (види слика, молим лепо) влегува во локалните избори како кандидат на ултранационалистичката партија „Вистински Финци“.
Жоао Бруно Путулукесо во земјата е дојден од Ангола и во трката за локалната власт во градот Вааса ќе учествува со слоганот „Љубовта е оружје на победата“.
„Сакам имигрантите да разберат дека Вистинските Финци не им се непријатели на имигрантите. Само, овие мора да ги почитуваат нашите закони и правила и така мирно да се интегрираат“, порача Вистинскиот.
Неговата партија важи за ултранационалистичка и евроскептична со цврсти конзервативни ставови по прашања како што е хомосексуализмот. Последниве години централна тема на нивната платформа е имиграцијата. Високи партиски функционери редовно ги етикетираат Ромите како криминалци и повторуваат дека странци не треба да бидат добредојдени во Финска.
Ама, на последните парламентарни избори во 2015 испаднаа втори. Потоа следуваше пад на популарноста по што нивниот лидер Тимо Соини најави оставка.