Годината е 1936, а Олимпијските игри се одржуваат во Берлин. Канцелар на Германија е Адолф Хитлер и него спортистите во дефилето го поздравуваат со тн. „олимписки поздрав“, кој неодоливо потсетува на оној фашистичкиот со кренатата рака. Но не и оние кои дошле од Кралството Југославија.
Нова книга содржи фасцинантна приказна за тоа како ексцентрична група британски разузнавачи користеле аматерска дипломатија за да навлезат во високата нацистичка команда, и да спречат избувнување на Втората светска војна. Начинот на којшто планирале да го сторат ова бил необичен - да ги „цивилизираат“ и „просветлат“ нацистите, со тоа што ќе ги носат на убави вечери, ќе пијат добри вина и ќе разговараат на интелектуални теми.
Јазикот, од страна на оние на кои не им одговарал светски мир и меѓународна соработката, бил прогласен за резултат на завера на комунисти, Евреи и други непријатели. Биле прогонувани и наследниците на креаторот на есперантото, кои биле убиени во холокаустот.
Во 1930-тите таткото на Френк Оз, Исидор (Мајк) Ознович направил марионета на Хитлер која се користела во пародични претстави. Долго време била закопана во земја, па најдена на таван. Таа сега ќе биде дел од изложба во Современиот еврејски музеј во Сан Франциско.
Приказната почнува летото 1936. Во склоп на подготовките за новата војна на Хитлер било зголемувањето на ефикасноста на домашното производство на путер, млеко, сирење, сланина и други продукти. Во тоа време маслото од кит било една од главните состојки на маргаринот. А Германците јаделе многу маргарин.
Берлинската филхармонија издава нов комплет од 22 ЦД-иња со снимки од концерти на еден од нејзините директори и диригенти, направени пред и за време на Втората светска војна. Со тоа се отвараат голем број прашања поврзани со правењето уметност во очајни времиња.
Националната библиотека на Канада набавила книга во некогашна сопственост на фирерот, која ги отсликува неговите планови за еврејското население во прекуокеанските земји. Таа покажува што можело да се случи доколку Втората светска војна завршела поинаку.
Савитири Деви, обожавателка на Хитлер и на ариевскиот мит, од нејзината смрт пред 25 години беше ретко спомнувана. Но благодарение на подемот на екстремната десница, нејзиното име и слики почнаа сè почесто да се појавуваат онлајн.
Копирањето на културни елементи од запад кон исток понекогаш дава чудни резултати - Кинези носат маици со неразбирлив и често навредлив англики, боливиjски градежни работници Епл логоа на нивните униформи, лого на Најк може да се најде на традиционални индиски облеки. Ама има и (за нас) порадикални примери.
Интересна приказна за писател, по хоби астролог, кој станува продолжена рака на британското разузнавање. Неговите „предвидувања“ всушност имаат за цел не да прорекуваат, туку да ги предизвикуваат настаните. Кој знае колку такви астролози има меѓу нас денес.
Во 1944 година било веќе јасно на каде оди војната и се гледале контурите на германскиот пораз. Но, на брифинзите Хитлер пукал од оптимизам а генералите се прашувале кое ли е неговото тајно оружје.
Слично како со фасцинантниот случај со штипјанецот Џими и партијата ТМОРО, и за една финска радикална паертија во изборна трка влегува човекот кој сите го знаат како „црниот Хитлер“. Меѓу другите Финци - како што некогаш викаа нашиве коментатори во бокс мечеви - ќе го препознаете по сините гаќички.
Кога на почетокот на годинава беа укинати авторските права на книгата на Хитлер, беше издадена ново, анотирано издание, кое веднаш стана бестселер. Сега тоа доби и значајна академска награда во Германија. Тајмингот, велат, не можел да биде подобар.
Млад Ирец присуствува на говор на Хитлер многу години пред овој да стане фирер. „Лудак, со одлични говорнички вештини“, била неговата дијагноза. Но уште тогаш го фатило шубе од ваквата комбинација.
Филмот во стил на Борат за враќањето на Хитлер во современото германско општество е хит во некогашната татковина на нацизмот. Дали од ова може и треба да се извлечат некакви културолошки заклучоци?
Деспина Стратигакос е историчарка која ja интересира врската помеѓу архитектурата и моќта. Нејзината нова книга се вика „Хитлер по дома" и ја истражува архитектонската и идеолошката конструкција на „домашарската" слика за фирерот.
Наследниците на Јозеф Гебелс го тужат издавачот Рендом Хаус заради употреба не негови записи во нова биографија посветена на овој озлогласен министер за пропаганда на Хитлер. Став на издавачот: не плаќаме авторски права на злосторници.
Нов филм кој за некој ден премиерно ќе се прикаже во Германија зборува за Георг Елсер, 36-годишен дрводелец од гратче во јужниот дел од земјата, кој бил блиску до тоа да изврши атентат врз Хитлер на почетокот на Втората светска војна.