Книгата од 137 страници, под наслов „Статистика, медиуми и организација на јудаизмот во САД и Канада“, напишана на германски, која била во сопственост на Хитлер, покажува дека холокаустот не бил само европска, туку и глобална операција, која за среќа била стопирана пред да пристигне до Северна Америка.
Отпечатокот на внатрешната корица прикажува стилизиран орел и напис Ех Libris Adolf Hitler, што укажува на тоа дека таа била дел од неговата лична библиотека.
This book serves as evidence of the Holocaust, which makes it an important tool to fight Holocaust denial. It provides insights worthy of reflection for Canada on #WW2 and the Holocaust. #WeRemember pic.twitter.com/h1dVagrPyO
— LibraryArchivesCanada (@LibraryArchives) January 23, 2019
Автор на книгата е Хајнц Клос, германски лингвист кој бил одговорен за собирање и обработка на официјални и академски информации користени од нацистичкиот режим. Бил раководител на Канцеларијата за публикации која се занимавала со истражување на прашањата на националноста, особено во САД.
Специјалност на Клос биле говорителите на германски кои живееле во САД, а имал и контакти со наци симпатизерите во оваа земја, кои и лично ги посетил помеѓу 1936-37.
Канадските библиотеки и архиви изјавија дека книгата „помага да се сочува меморијата за холокаустот и е повод да размислиме што би се случело во Канада доколку Втората светска војна завршела поинаку“. Интересно е што таа оригинално е набавена како дел од збирка која ја поседувал преживеан од холокаустот. Иако во текот на војната изгледало дека географската оддалеченост на нацистичка Европа е брана за ширењето на оваа идеологија, оваа книга, со деталната статистика на еврејското население низ Северна Америка, покажува дека кошмарот можел лесно да се оствари.