Таг: финска

Учење по теми, а не по предмети

Без секирации, ова не е најава на уште една реформа на нашиот образовен систем, за којшто не можеме ни да претпоставиме кога би созреал за една ваква не бирократска, туку длабока концептуална промена. Без страв од рушење на својот актуелен висок образовен углед, оваа реформа ја спроведува - Финска.

Америка со Финска се избива

Американец извесно време престојува во Финска и таа култура му помогнала да се одвикне од некои свои навики кои ги носел од дома. Зошто таков текст би бил важен за овдешнотото читателство? Затоа што, ќе видите, има и овде американски навики.

Предлог шаблон за секој иден состанок

20 сопственици на бизниси од Финска деновиве ќе имаат презентација пред инвеститори. Разликата со другите презентации, е што тие што ќе презентираат ќе зборат до пола влезени во замрзнато финско езеро, што е коректен критериум за да одредиш (за која било ситуација) кој стварно верува дека има нешто да каже.

А ова е американскиот амбасадор во Финска

За разлика од тоа што секој пат нам ни се паѓа за амбасадор, на Финците им се падна Брус Орек. Ако сме искрени и тие што доаѓаат тука веројатно многу порадо би оделе во Финска, па макар и на неплатено.

Офсајд лик на денот: Сами Хипија

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен не успеа во првиот обид да биде тренер во Англија. Финецот летово потпиша 3-годишен договор со второлигашот Брајтон, но даде оставка по само 6 месеци и една победа на последните 18 натпревари во Чемпионшип дивизијата.

Полицаец во земјата на чудата

- Колку пати имате престрелки?
- 5 пати... годишно... во цела Финска...
- А тука во градов (Васа)?
- Имавме... пред 10 или 20 години...
Разговорот е меѓу фински полицајци и полициски капетан од Лос Анџелес. Пред него, низ нордискиот казнен систем прошета поранешниот управник на Атика.

Енгри брдс заслужни што Финска игра на СП

Февруарското доделување на вајлд карти за учество на Мундијалот предизвика бурни дебати во кошаркарската јавност, а скандинавската селекција на необичен начин обезбеди учество на првенството во Шпанија.

Како Стив Џобс ја уништи Финска

Изумите на починатиот основач на Епл имаат разорен ефект на финскиот пазар на труд бидејќи тамошните компании биле начекани комплетно неподготвени за тоа што се случило, барем така смета премиерот на Финска.

Паркирајте го автобусот против „Фуријата“

Дневен весник од Финска му даде отворен предлог со доста затворена и дефанзивна тактика на финскиот селектор Миксу Пателајнен. 

Тајната на финската слобода

Трета година по ред Финска е убедливо прва по слободата на медиумите во светската ранг листа на "Репортери без граници". Како таа мала земја успева во тоа и во што е "тајната" да се биде 32 места пред САД и 116 пред нас?

Предлог закони на клик

Во иднина секој жител на Финска на интернет ќе може да предложи закон и доколку се исполнат одредени услови финскиот парламент ќе мора да го разгледа предлогот.

Принцезата и мажот на претседателката

Ај да ја разгледаме целата ситуација. Сопруг си и на финската претседателка. Ти имаш 63 години, таа има 68 години. По службена должност, сопругата те носи на некаков прием и таму те седнува до принцеза. И тоа принцеза со деколте. Како маж треба да знаеш дека единствено ти си виновен што изгледаш бескрајно глупо кога те фатија :)