Енгри брдс заслужни што Финска игра на СП

Февруарското доделување на вајлд карти за учество на Мундијалот предизвика бурни дебати во кошаркарската јавност, а скандинавската селекција на необичен начин обезбеди учество на првенството во Шпанија.

По контроверзијата околу прашањето кои селекции треба да добијат вајлд карти за учество на Мундијалот во Шпанија, иако не се квалификувале, Финска успеа преку богат спонзорски договор со ФИБА да го обезбеди првото појавување на едно СП.
 
Од вајлд картата претходно се откажаа Русија, Италија и Кина, а Финците се договорија со ФИБА откако решија да им дадат удел во акциите од „Eнгри брдс“ играта за ајфон телефоните, произведена токму во финската компанија Ровио.
 
Најмногу навивачи меѓу селекциите учеснички имаат Финците, кои со 40 авиони допатуваа во Шпанија.

 „Ако луѓето мислат дека учествуваме на Светското првенство само поради Енгри брдс, тогаш како ќе ги оправдаат 9. илјади навивачи кои пристигнаа од Финска и се најброни во Шпанија. Во нашата земја кошарката е популарен спорт, а ние имаме квалитет за едно вакво учество“, реагираше Хано Мотола, првиот Финец во НБА лигата.
 
19 часа откако САД ги декласираше, Финците ја остварија првата историска победа на Светски куп против Украина.
 
Сега кога порасна оптимизмот во екипата, скандинавците се подготвени да резервираат возови до Мадрид, каде се игра втората фаза на континенталното натпреварување.
 
Селектор на Финската кошаркарска репрезентација е Германецот Хенрик Детман, кој освои бронзен медал со панцирите на СП во 2002. година.
 
Во третото коло од групата Ц, Финска игра утре против Доминиканска Република од 21:30 часот.
1 септември 2014 - 13:27