Накратко кажано, тајната е што нема тајни.
А сега, по ред:
Прво, Финците се сериозни конзументи на вести. 483 од 1.000 луѓе редовно купуваат весник а 76 проценти од популацијата над 10 години секојдневно чита и се информира.
Второ, постои силен новинарски синдикат, кој брои 14.000 индивидуални членови, 355 медиумски компании и шест асоцијации (на 5,5 милиони луѓе)
Трето и најважно, достапноста и видливоста на податоците се институционално загарантирани. Од тие принципи, тамошната влада направи "општествен фетиш" воведувајќи храбра регулатива во 2007-ма година, промовирајќи ги како клучни темели на информациското општество.
Со други зборови, Владата е гарант за непреченото функционирање на новинарството и е еден од главните промотори на новите технологии. Финска е прва земја која широкопојасниот пристап на интернет го прогласи за законско право а моментално експериментира со тнр crowd-sourced легислатива, со цел да се олесни пристапот кон подобри информации и да се зголеми инклузијата на граѓаните во јавната сфера.
Ваквиот фински принцип за активно учество на државата е комплетно спротивен на американскиот и некои други, во кои се инсистира на одвоеност на државата од медиумите
И конечно, финска е земја во чија администрација речиси е искоренета корупцијата корупција (што во добар дел е заслуга и на Владата и на отвореното новинарство). Во последното рангирање, заедно со Данска и Нов Зеланд, таа е во врвот на најмалку корумпирани земји. Неверојатни 90 проценти од граѓаните тврдат дека државната администрација не е корумпирана.
А кога нема корупција, нема што да криеш и нема од што да се плашиш.
Ете ја тајната.
******************
За илустрација, ѕирнете кои сè информации можете да добиете на веб сајтот на финското министерство за надворешни работи - мапи, историја, попис на бесплатни хот спотови, информации за синдикати, владини бироа, контакти со сите, вклучувајќи го и меилот (личен, не на кабинетот!) на претседателот на државата.
Веб сајтот на македонското МНР е тука