Таг: слобода на говор

Je suis Mila

16-годишна тинејџерка стана најомразената девојка во Франција откако го критикуваше Исламот во живо на Инстаграм. Мила (која може да се идентификува само по нејзиното прво име) моментално е затворена во својата куќа, живее под полициска заштита и не може да се врати на училиште.

Презимиња на дресовите на арапски јазик, жените добија дозвола за стадион

Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.

Демократијата бара да ти биде нелагодно

Правото на несогласување е граѓанска доблест, пишува Мајкл Блумберг во колумната за Блумберг.

300 медиуми се кренаа против Трамп

Во еден ден над 300 американски медиуми објавија едиторијали против „валканата војна“ на Трамп, организирани со цел да се спречат неговите напади против слободата на печатот и да се промовира истата.

После цели 39 години во Иран конечно пуштија жени на стадион

Светското првенство е празник не само во Русија. Фудбалската револуција овозможи во Иран конечно во ХХI век да пуштат жени на стадион заедно со мажи.

За дератизацијата на социјалните мрежи

Нема ден да пројде а нормален човек да не се запрепасти каков сè отров се има проширено на социјалните мрежи. Ама па цензурата е крајно лош и практично неприменлив противотров. Особено што сега оваа валкана работа државите елегантно ја аутсорсираат па на приватни компании им препуштаат да проценуваат што може а што не може да оди во јавност.  

Женските гради не се слобода на говор

За да го заштити јавното добро, безбедност и морал, државата треба да ги одвраќа жените да одат топлес, реши американскиот федерален суд со што криењето на женските гради го направи поважно од целиот слободарски корпус кој е заштитен со првиот амандман од американскиот устав.

Трамп ги хејта медиумите ама Буш ги малтретираше

14 години откако врз основа на лаги (алтернативни факти) ја втурна земјата во ирачката војна, Џорџ Дуплове Буш комплетно се ребрендира па денес се прикажува како голем сојузник на слободните медиуми.

Ќути и жали се

Дел од студентска организација на еден факултет добила забрана за јавно искажување на своите ставови. Откако овие се пожалиле дека имаат проблем со јавното искажување на своите ставови. 

Дали првиот амандман важи и за ИСИС?

Под влијание на заканата од ИСИС, кругови во САД почнуваат да ја преиспитуваат неприкосновеноста на најважниот столб на американското општество, првиот амандман кој ја гарантира слободата на говорот. А тие кругови не се само Доналд Трамп.

Метастазирање на коректноста

Пар дечишта, од онакво братство на американските факултети поставуваат натписи во стилот "Добредојдовте бруцошки", демек безобразно. Сељачки? Ок. Меѓутоа веста се појавува низ сите водечки медиуми, натписите се забранети и тоа во земја која им дозволува на нацистички групи слободно да маршираат.

Je suis Charlie?

И кога ќе сумирам дека од борбата за и против слободата на говорот, намерно или ненамерно се изродиja исламофобија, заговори, други убиства и закани во најава, ќе се запрашам...

Дали и јас сум Шарли?

Кој тоа таму е лицемерен во Париз?

Којзнае каква ќе беше карикатурата во Шарли за мировниот марш во Париз, ако загинатите знаеа кои сè лидери ја оплакуваат нивната судбина.

Шпанска чизма капитализма

"Не можеш да зборуваш за медиумска слобода кога работиш во компанија која е соочена со банкрот или која во шака ја држат банкарите и нивните кредити," вели еден новинар од Шпанија во која за брзо време се случија клучни смени во врвот на највлијателните медиуми.

This is not America, Roberto

Е мој Роберто, блогерски френду мој...

Тек к'д умре некој драг и близак, тек т'к човек га свој стра види у право издање, све оној што наслутуеш и размишљаш, добие свое право сценарио. Т'к се укаже т'ј несразмер у траeње на живот, и сви жеље што се чинив остварљиви за други, паднев у амбис, неповратно и болно. И т'к се човек скрши и савие, бидне послаб и од цевче, и т'к биде јасно дека свака апсурдна несразмерна дужина на живот е могуќа, и све е илузија, и наше постојање, и све оној што га ми викамо живот. Од илузије живимо, од њима и гинемо. Застани на едну успутну станицу, наздрави за сви нас овде, путуј мирно и затвори ги очи на т'ј мучан чин... Смири душу немирну, понеси ги сви твои тајне што ќе морив, a и прашања зашто мораше да отидеш, јер твои тајне зашто ти се срце распарча, мајка ќе ги крие много повише, него сурову истину, дека те више НЕМА.

Тајната на финската слобода

Трета година по ред Финска е убедливо прва по слободата на медиумите во светската ранг листа на "Репортери без граници". Како таа мала земја успева во тоа и во што е "тајната" да се биде 32 места пред САД и 116 пред нас?