Студентската унија на Универзитетот Линколн им забрани на членовите од Конзервативното крило на истата унија да ги користат акаунтите на нивните социјални медиуми.
Ваква одлука била донесена откако конзервативните студенти на интернет постирале слика од која се гледа дека нивниот Универзитет е оценет како „Многу нетолерантен“ во некое скорешно истражување.
Суспендирани им се сметките за пристап кон социјалните мрежи со образложение дека обелоденувањето на такви податоци го нарушува угледот на Универзитетот.
„Ваков нетолерантени тоталитарен одговор е нешто што може да се очекува во Северна Кореја а не на место за учење и дебатирање“, велат цензурираните.