Сето ова започна минатата недела кога Бостон глоуб повика на национално отфрлање на „валканата војна“ на американскиот претседател против медиумите. Реплицирајќи на изјавите на Трамп дека извештаите од медиумите се „лажни вести,“ а новинарите „непријатели на народот“, целата акција се водеше под хаштагот #EnemyOfNone.
Во својот апел Глоуб вети дека на 16 август ќе напише едиторијал „за опасноста од нападите на администрацијата врз печатот“, и ги повика другите медиуми да го направат истото.
Првично тие добија позитивен одговор од 100 новински организации, за во четвртокот, 16 август, на иницијативата да се приклучат над 300 медиуми.
Во четвртокот Трамп на Твитер напиша:
„Лажните медиуми се опозициска партија. Тоа е многу лошо за нашата Голема земја... Но ние победуваме.“
Работата околу медиумите е стигната до таму што и експерти на О.Н. го предупредуваат Трамп дека неговите коментари околу медиумите би можеле да доведат до раст на ризикот од насилство против новинарите.