Фудбалската репрезентација на Иран игра добро првенство, има три бода во група со Шпанија, Португалија и Мароко и уште е со шанси за евентуален пласман понатаму.
На монументалниот стадион „Азади“ во Техеран се гледаат натпреварите на Иран на големи видео-бимови но од почеток на Светското таму било забрането присуство на жени.
Жените во Иран немаа право да посетуваат стадион од 1979 година кога во земјата завршила Исламската револуција. Од тогаш жените имале силни ограничувања на правата и биле обврзани да се однесуваат според шеријатот.
Првобитно градските власти издале дозвола жените да можат да го гледаат мечот од првото коло против Мароко, но набрзо ја поништиле оваа одлука и тие го следеа првиот натпревар дома.
Некои од нив се обиделе да влезат тогаш на трибините но биле враќани од редарските служби.
Затоа синоќа големиот меч против Шпанија значеше и дозволен влез за понежниот пол на стадионот во Техеран. Дали ова историско решение во Иран ќе биде засекогаш или само привремено, останува да се види.
Еве како изгледала картата за влез на стадионот:
Azadi Stadion #Teheran. Männer und Frauen schauen Fußball. Normalerweise nicht erlaubt. Heute beim Public Viewing #Iran #Spanien nach zunächst Verbot dann doch. #WM2018 pic.twitter.com/TBXJuHLgpr
— Natalie Amiri (@NatalieAmiri) June 20, 2018