Меѓу 40-те највисоки званичници беше и Самех Шукри, министер за надворешпни работи на Египет. И кога би сакале, не би можеле да заборавиме на фактот дека е Египет е земја во која повеќе од една година се држат во затвор тројца новинари на Ал Џезира, Питер Гресте, Мохамед Фахми и Бахер Мохамед кои беа осудени на затворски казни од 7 до 10 години по што казните им беа поништени па се наредени нови судења. Египетските власти ги товарат за наводно помагање на забранетата муслиманска организација и објавување неточни информации за Египет.
Таму беше и Сергеј Лавров, министер за надворешни на Русија. земја во која во последниве 20 години се убиени 323 новинари. Новинарите во Русија полесно завршуваат во затвор отколку што добиваат плата.
Присуствуваше и турскиот премиер Ахмед Давутоглу, уште една од државите во кои новинарите се апсат, веројатно за да се заштитат.
Беа во Париз и Бенјамин Нетанјаху и Авигдор Либерман од Израел. Вториов ја обвини Ал Џезира дека им помага на терористите. Израелската војска е одговорна за смртта и ранувањето на повеќе медиумски работници. Вo јули беше убиен снимател кој носеше панцир на кој пишуваше "ПРЕС" убиен е возач на комбе на кое јасно пишуваше "ТВ" a ракетирана беше и зграда во која се наоѓаа неколку редакции.
САД ги претставуваше јавниот обвинител и близок соработник на Обама, Ерик Холдер. NBC летоска го повлече својот дописник од Газа откако сводечеше за почетокот на израелските напади и прв јави за убиството на четири момчиња на плажа. Потоа, под притисок на јавноста, го врати на терен. Според Репортери без граници, за време на протестите во Фергусон биле уапсени најмалку 15 новинари, некои од нив потоа со часови биле држени во притвор а полицијата намерно фрлила солзавец на дописникот на Ал Џезира.
На "Маршот на единственото" Британија ја претставуваше нејзиниот премиер Дејвид Камерон. Британските власти ги уништија дисковите на Гардијан со информациите од Сноуден.
На крај, не можеме а да не се запрашаме каква би била карикатурата на Шарли за собирот во Париз? Жртвите во масакрот на Боко Харам во Нигерија, нив 2.000, речиси никој не ги спомна. Заклучите сами од што зависи дали сте жртва или само статистика и колку на поедини лидери навистина им е битна слободата на говорот.