За време на едно видео во живо, во коментарите едно момче муслиман ја кани Мила да излезат. Но Мила ја одбива поканата затоа што таа е геј. Тој на ова и враќа со обвинувања за расизам и ја нарекува „гнасна лезбејка“. Во гневен видео одговор по ова, направен повторно во живо веднаш по навредата, Мила кажува дека „мрази религија“. „Куранот е полн со омраза.. Исламот е срање... Твојата религија е срање... Јас на твојот бог би му забила прст во шупак,“ рекла тинејџерката.
Видеото станува вирално и е репостирано на повеќе социјални мрежи. За кратко време, Мила почнува да добива закани за силување и смртни закани, а нејзиниот идентитет и училиштето во кое оди се јавно објавени. Нејзиното семејство и локалните власти не успеаа да и најдат училиште кое ќе и ја гарантира безбедноста.
Полицијата отвори две истраги како одговор на тоа што стана познато како „l’affaire Mila“. Едната, која се уште трае, е околу заканите за смрт и силување насочени кон 16-годишната девојка. Другата е околу самата Мила, за „поттикнување религиозна омраза“.
Истрагата против Мила веќе е прекината. Но самото тоа што воопшто беше започната е неверојатно. Франција, која обично се гордее на својата традиција на секуларизам, започна полициска истрага за богохулие. Пред пет години, по ужасниот масакар на карикатуристите на Шарли Ебдо, француската елита ги зби своите редови и фатени под рака објавија „Je suis Charlie“ и ветија дека ќе го бранат слободниот говор од исламистичка нетолеранција. Сега „секуларната“ француска држава излезе дека е подготвена да ја врши валканата работа на исламистите казнувајќи ги оние што богохулат против Исламот.
На Твитер трендинг беа и #JeSuisMila (Јас сум Мила) и #JeNeSuisPasMila (Јас не сум Мила). Адвокатот на Мила, Ричард Малка, за Тајмс изјави дека „ниту едно здружение за човекови права не излезе на протести, ниту изрази солидарност со девојчето чиј живот одеднаш се претвори во криење... Левицата е онаа која традиционално го брани секуларизмот во оваа држава... Ме растажува што тоа не беше направено во овој случај.“
Напротив, не само што не се солидаризираа, голем број јавни фигури се дистанцираа од средношколката. Абдула Зекри, директорот на Францускиот совет на Муслимани, кога беше запрашан за опасноста по безбедноста на Мила, изјави дека таа мора „да живее со последиците на она што го изјави“ и дека таа „го жнее тоа што го посеала“. (Зекри беше присилен да ги повлече своите коментари по притисокот од јавноста).
Првично, главната одбрана на Мила дојде од десницата. Николас Дупон-Ењан, лидерот на десничарската партија Debout la France на Твитер напиша „Срамот паѓа на јавниот обвинител што ја третира жртвата и нејзиниот напаѓач како еднакви“. Жулиен Оду, од анти-исламистичката партија на Ле Пен, во твит порача: „Исламот е религија. Религијата е мислење. А мислење може да подлежи дури и на најнавредливи критики. Без слобода на говорот, Франција повеќе нема да биде Франција.“
За разлика од нив, министерката за правда на Франција Никол Белубе даде апсурдно и нелиберлано објаснување дека навредата на религијата го „прекршило“ францускиот закон за „слобода на совест“. Срамно за министерката, таа беше брза да нагласи дека не постои никаков закон за „слобода на совеста“. (Плус сигурно концептот на слобода на совеста дозволува богохулење.) Белубе подоцна ги повлече своите коментари, изјавувајќи дека постои „право на критикување“ на религијата, меѓутоа не и „право на заканување“. Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер беше присилен да објасни дека „во земјава богохулење не е прекршок и дека никогаш нема да биде додека оваа влада е на власт.“
Аферата Мила требаше да биде чиста работа. Се работеше за случај на 16-годишна тинејџерка која изразува богохулно мислење. Нејзините ставови требаше да бидат толерирани во секоја држава која се залага за слобода на говор. Слободата на говор вклучува и право на исмејување богови, пророци и свети книги.
Меѓутоа денес работите се многу помалку јасни. Политички коректното разбирање на „говор на омраза“ и „поттикнување на религиозна омраза,“ во основа оживеаја стари и драконски закони за богохулие во сосема ново пакување. Но ефектот е потполно ист - цензура на критиката на религијата. И иако француската држава се откажа од покревање обвинение против Мила за богохулие, нетолерантната Твитер толпа беше на готовс да помогне Мила да биде казнета за нејзиното погрешно размислување.
Ние треба да се ставиме во одбрана на слободниот говор и од државата и од толпите на социјалните медиуми. Je suis Mila.