Е мој Роберто...
Е мој Роберто, Робертоооо...
Ти прилепско детиште, косо неисчешљана и вртена, брзозборко, заебанту, циркузанту, ултра интелегенцијо, македонски борцу за свачии и ничии права, медиумско катче неукротиво. И ти такој на нас, а? И ти б'ш такој? Кој ве шмиргла, ја отиде... Куде отиде, бе? Кога праша да си идеш без поздрав и чао? Такој ли умирате ви у Прилеп?
Кој ти кажа дека на тие године се умира? Зашто се роди бре? Зашто мајку толко рано у црно зави? Зашто онија деца остави сами? Кој ќе ти ги подиза, кој ќе ти ги води по доктори и вакцине? Зашто се топори по фејсбуци, блогови, тврдеше дека овој не е Америка? Зашто куде дум, ти кум мораше да бидеш? Зашто ме тераш после низ башче за човечки страдања, па на исто да се враќам и потсеќам?
Што, фора ли ти беше да те засакамо, да те глорифицирамо до небеса, за да не навлечеш како на коку која после ќе гу снема? Срам да ти е, Роберто... Овој од тебе не смо га очекувале.
Него, ајде, иди куде си пошја... Иди и чувај место за сви нас обични смртници тамо... Иди и надгледуј не. Не давај лоши силе да не надвиснев. Не давај да бидемо докрај истоштени. Дај ни силу, поткрепи не. Куде грешимо, исправи не. На овуј немаштију, сас живот обогати не.
Иди, и нека ти е све просто... Најпросто
Ти дојде на ред к'д други подобри немаше. Ти не си крив. Нит праша Бог душу да ти даде, нит те Бог праша к'д душу и срце распрскано по тело, назад да ти земе.
Сви не издигна од земљу, потсети не дека све е овој л'жа, дека ед'н д'н, на све ќе му дојде крај. Потсети не још ед'н пут дека нема ништо без судњега дана, дека од пишанку никој никад, не се е скрија и побегнаја.
Потсети не дека сви смо овде само обични гости. Дека нема ништо што ќе остане вечно. Дека нема живот без смрт, и срце што ќе бие заувек...
Е мој Роберто Беличанцу, омилена фигуро на коју ву се с'к много ситив...
Нека ти се ситив, прашај ги, дали сакав сас тебе с'к да се сменив, нек се сетив колко е душа у човека ипак кревка, нека те олајавав дека си бија лош и прек... Све нека зборив с'га... Све е више толко џабе и евтино. О мртвима-све најбоље, за некога никад нема да важи. Ситни душе, од исту рѓу су свугде сковани.
Нека ти е све просто... И на њима нека им е просто. Ќе дојде д'н, ништо што ти остави недовршено, нема да остане исто. Коцке сас твоју смрт, нема да останев неподесени. Ќе дојде д'н, сви ми ќе бидемо само пепел и прах, иако сви за себе понекад помислимо дека сви су бесмртни, само не ми...
Ти човеку како и сви останати... Како сви останати, што зло чинив без уста да отворив, како сви онија што зло правесва, затој што за слободу на говор се боресва. Од сви онија што зло правив, и капак на све, зло смислуев и одредуев, Бог нека ме чува и мене и тебе од такви...
И твои дечиња мили, Бог без тебе нека ги чува. И тамо биди задовољан што си имаја шансу, њин херој едно време да бидеш. И биди среќан што си позади себе, три дечиња златни оставија. Твое презиме, нема да загине. Ти си преко њима одамна вечан
Иди, и биди и тамо насмеан и задовољан што на земљу, и у т'ј кратак живот, само си на себе нашкодија. И немој за ништо да се каеш и косиш, јер, сви ми твој губитак пол'ко ќе га поднесемо, ако знаемо дека ти за ништо не се каеш.
Застани на едну успутну станицу, наздрави за сви нас овде, путуј мирно и затвори ги очи на т'ј мучан чин... Смири душу немирну, понеси ги сви твои тајне што ќе морив, a и прашања зашто мораше да отидеш, јер, твои тајне зашто ти се срце распарча, мајка ќе ги крие много повише, него сурову истину, дека те више НЕМА
Кратак беше твој лет помеѓу две тајне викани живот и смрт. Ама ако... Барем има народ по што да те памти.
И запамти, драг Роберто:
Колко те људи повише спомнуев, толко ќе си све више и више, бесмртан и вечан.
Не ти викам нити слава ти, нити нек ти е л'ка земја, пошто, и без тој, ти ќе си добиеш свое почасно место у царство Господово...
Ајде, иди...
И не се секирај за ништо више... Ваљда си ичера сфатија дека куде си се родија, стварно не била Америка...
Нит е била, нит ќе биде...
Е мој Роберто, блогерски френду мој...
Тек к'д умре некој драг и близак, тек т'к човек га свој стра види у право издање, све оној што наслутуеш и размишљаш, добие свое право сценарио. Т'к се укаже т'ј несразмер у траeње на живот, и сви жеље што се чинив остварљиви за други, паднев у амбис, неповратно и болно. И т'к се човек скрши и савие, бидне послаб и од цевче, и т'к биде јасно дека свака апсурдна несразмерна дужина на живот е могуќа, и све е илузија, и наше постојање, и све оној што га ми викамо живот. Од илузије живимо, од њима и гинемо
Еве од мене една поема за миран пут у вечност која вика:
Griješim li
prema sebi, tek tada sam drugima prav. Prema
njima griješim li, pravdu prema sebi ispunjam.
Šta je onda istina, reci mi, Bože moj? Moli Te
skromni Mula-Mustafa, što druge želje nema već
tiho da bude, i još tiše ode, kad dođe čas.