Бидаи правила
Ако плаче ништо не му е.
Ако не плаче можеби му е нешто.
Јунгов Закон за подвижност на живата материја
Колку и да се дереш, тинејџерот нема да стане од креветот.
Анекс на Цукерберг:
Од Фејсбук не станујат ич.
Втор Јунгов закон за тинејџери
И тинејџер може да каже нешто паметно.
Поука: Ако понекогаш каже нешто паметно, тоа не значи дека е паметен.
Интерпретација на Боговичевиот закон (за родители на тинејџери)
Ако се двоумиш што да му правиш, сигурно си во право.
Елардов Закон (буквално!)
Кој сака да учи, ќе учи.
Кој не сака да учи, ќе раководи со фирми.
Неспособните да учат и да раководат со фирми ќе управуваат со стопанството и образованието и ќе ги доведат до колапс.
Законот за проектиран растеж на Лорд Малборо
Ако вие пушите и пиете, и тинејџерот ќе го прави истото.
Ако не пушите и пиете, тинејџерот ќе пуши и пие.
Принцип за релативност на времето
Ако каже дека ќе дојде веднаш, ќе дојде подоцна.
Закон за обратна меѓузависност
Ако доцни, тоа е нормално и не треба да се секирате.
Ако не доцни, тоа не е нормално и треба да се секирате.
Закон за доминантност на генот за децибели
Ако сте тивки по природа, вашите деца ќе бидат гласни.
Ако сте гласни, вашите деца ќе бидат погласни.
Теоремата на Доктор Ото
Нивото на толеранција на болка во увото расте со бројот на деца во куќата.
Правила на корективна психологија
Ако нешто згреши, а вие се правите наудрени, ќе згреши пак.
Ако нешто згреши, а вие долго и внимателно разговарате со него, ќе згреши пак.
Ако нешто згреши, а вие го казните, ќе ве заебе.
Ако згреши, а вие разговарате со него и го казните, пак ќе ве заебе.
Ако згреши, а вие му се дерете и го казните, ептен ќе ве заебе.
Аксиома на Др. Антов
Ако мислите дека ништо не згрешил/а, бидете сигурни дека не е така.
Постулатот на Мишел Де Монтањ
А зинат, лажат.
Правило на Мама Бејкер
Кажи не, а потоа преговарај.
Законот за дебата на В. Ефтов
Два монолога не чинат дијалог.
Кодексот на Душко Радовиќ
Почнете да ги тепате своите деца штом приметите дека личат на вас.
Букбокс Парабола
Злосторство и Казна е во право.
Марфи оригинал
Смешкај се, ќе биде полошо.
Иво Антов
П.С. Џабе се нервираш (Стара Скопска Зен Поговорка)