На Универзитетот во Норфолк, Вирџинија, на куќа вон кампусот која припаѓа на едно од факултетските „братства", некој на терасите закачил банери - добредојде за новата генерација студент(к)и. Нивната содржина: „Се надевам вашата ќеркичка е спремна за забава", „Оставете ја вашата ќерка-бруцош тука" или „Оставете ја и мајка ѝ'".
„Мое дете да стави таков банер би му кажал да го симне, и никогаш повеќе да не ми бара пари за студирање", напиша еден коментатор во Атлантик. Но него не го загрижува толку агресивноста и навредливоста на напишаното, колку масовноста на занимавањето со темата од страна на медиуми како Би-би-си, Си-ен-ен, Вашингтон пост и УСА Тудеј.
Острината и обемот на реакцијата веројатно има врска со едно можно толкување на банерите, кои за некои набљудувачи не се само навредливи, вулгарни, сугестивни, понижувачки, туку се и пример на „силувачка култура". Речиси сите медиуми кои ја пренесоа веста ја имаа поврзано со тековните напори да се намали бројот на силувања на факултетските кампуси.
Но за други оваа реакција нема голема смисла. Тие ги сметаат банерите за очигледна зафрканција, и инсистираат дека овој хумор има свој корен во конфронтирањето со родителите, кои се обидуваат да ја заштитат девственоста на нивните ќерки, испраќајќи ги на факултет со мислата дека тие таму одат токму за да имаат секс со студентите од „братствата". Но ниту напишаното на банерите значи дека оние што го смислиле навистина планираат или би извршиле силување, ниту пак ова има некаква врска со успехот на анти-силувачките кампањи по факултетите.
„Ако некој студенти е попален по секс со девојки - дали ова е изнанедувачко?" - прашува еден коментатор, додавајќи дека истакнувањето на средно-сугестивни знаци не претставуваат чин на насилство. Кажаното според него не е ни објективно навредувачко, ниту пак насочено кон некого посебно. Поп културата е преполна со многу повулгарен материјал. А дебатите како оваа се поларизирачки бидејки презентираат лажен избор: или да се брани „скандалозниот" чин или да се фати приклучок со оние кои ги обвинуваат сторителите. Но можеби има и трет начин?
Дали требало да им се објасни на студентите кои ги напишале пораките зошто тие не се во ред? Да. Дали ректорот требало да излезе со изјава? Да. Но сето ова требало да се стори со чувство за мерка. Во земја во која Првиот амандман им го гарантира правото на нацистите да маршираат низ улици на еврејска заедница, не е баш продуктивно да излезеш и јавно и строго да обвиниш студенти за нешто многу посериозно од она што тие имале намера да го направат. Со тоа нема да ги направиш кампусите побезбеди за жени, а ќе ги загубиш симпатиите на оној дел од јавноста која е веќе уморна од прекумерна скандализираност.
Фокусирањето на суштинскиот проблем на силувањето, наспроти срамотењето на пар 19-годишни студенти како тие да се одговорни за сите силувања на овој свет, е веројатно подобрата стратегија. А зборовите кои без многу мислење се нафрлени на креветски чаршафи и закачени на нечија тераса не припаѓаат на центарот на јавниот интерес.