Таг: политичка коректност

Златна машина за куцање: Гугл вклучи функција на „инклузивен јазик“ во своја апликација

Гугл Докс овој месец воведе „воук“ функција, со тоа што ги предупредува корисниците кога внесуваат англиски зборови или изрази коишто алгоритамот ги смета за неинклузивни, како „полисмен“, „фајрмен“ или „хаусвајф“. За среќа, дури и нај „разбудените“ се нервираат некој постојано да им мрчи додека куцаат. 

Политичката коректност како реприза на Културната револуција во Кина

Кога луѓето се трудат да бидат обединети околу „политичката коректност“ тоа може да биде многу опасно, порачува еден од најпознатите кинески дисиденти, Аи Веивеи.

Како политичката коректност ќе го убие романот

Авторката Сали Руни е обвинета за расизам затоа што измислила лик што е расист.

Училиштa во Канада уништилe 5000 книги затоа што го навредувале домородното население

Некои се фрлени, други закопани или запалени. Одбор на училиште во Онтарио уништил илјадници книги поради наводно пропагирање стереотипи. Помеѓу нив и стрипови за Тинтин и Астерикс.

Има повеќе од еден начин да изгориш идеи

„Разбудени“ од сите земји - заќутете! Вака би пишувал денес Бредбери за цензорите кои не гледаат ништо иронично во тоа што изрекуваат забрани во име на либерални идеи и слободи. Нему нештата сепак одамна му биле јасни.

И Скребл ќе стане политички коректен?

Елитни играчи на една од нашите омилени игри водат жестока дебата во врска со користењето расистички термини во неа.

Поради еден твит на Озил за исламот во Кина, може да го крка цела Премиер лига

На 13 декември Месут Озил јавно ја критикуваше Кина за наводна репресија врз муслиманските Ујгури - малцинство во Источен Туркистан, автономен ујгурски регион Синџјанг во западна Кина.

Зошто белците не смеат да кажат„црнец“?

Ги знаете тие „ризични“ зборови, кои дури и да не се употребени како навреда можат да создадат проблеми. „Шиптар“, „Циган“, „педер“, сè во врска со „Македонија“. Да имавме повеќе црнци, и тоа ќе беше спорно.

Не беше Американецот за политичка коректност

Водејќи се по социјалните мрежи САД е поделен на два кампа, еден речиси исклучиво бел и машки, и еден млад, најверојатно женски, доминантно црн, кафеав или азијски, и овие два кампа не се согласуваат речиси околу ништо. Водејќи се по реалноста најголемиот дел од Американците не припаѓа во ниту еден од овие кампови и имаат далеку повеќе работи околу кои се согласуваат отколку што тоа изгледа - на пример, аверзија кон културата на политичка коректност.

И аплаузот ќе го забранат?

Студентскиот сојуз на Универзитетот во Манчестер донесе одлука дека на настаните кои ги организира ракоплескањето ќе биде заменето со кревање раце во воздух, во корист на создавање „атмосфера на почит“ и поттикнување учество на лица со хендикеп.

Ново работно место: политички коректни читачи

Издавачите, можеби превентивно, а можеби затоа што некогаш се изгореле, сега дуваат и на јогурт - ангажираат посебни читатели, кои се „сензитивни“ за некоректности од различен вид, и кои алармираат доколку забележат такви моменти во книга која допрва треба да се објави.

Пристојноста како алтернатива на политичката коректност

Додека политичката коректност таргетира една конкретна група (која не секогаш по своја вина се нашла на мета и треба да отплаќа "туѓи долгови"), пристојноста важи за секого. Плус, пристојноста нема своја политичка агенда.

Дали битката со расизмот ги прави расистите поголеми расисти?

Ако сакаш некој сигурно да се опседне со мислата на, на пример, нутела, само кажи му „во следните две минути те молам не мисли на нутела“. Е, исто и ако на луѓето им кажеш да не мислат како расисти.

Ужасите на политичката коректност

Џон Клиз за сите оние со вишок способност за чувствување навредени од што и да е: Луѓето што не можат да ги контролираат сопствените емоции, треба да престанат да се обидуваат да го контролираат однесувањето на другите луѓе.

Музата на Пикасо ги налути феминистките

За Франсоза Жило се раскажува дека била толку убава, што кога Пикасо прв пат ја видел во ресторан станал и со чинија полна цреши отишол на нејзината маса. Иако била 40 години помлада од него (кога се запознале таа имала 21, тој 62), таа цела деценија била негова љубовница, муза и мајка на две нивни деца. Сега, на 93 години, има нова книга, која ги налути жените.

Метастазирање на коректноста

Пар дечишта, од онакво братство на американските факултети поставуваат натписи во стилот "Добредојдовте бруцошки", демек безобразно. Сељачки? Ок. Меѓутоа веста се појавува низ сите водечки медиуми, натписите се забранети и тоа во земја која им дозволува на нацистички групи слободно да маршираат.

Убавино, ти ме заморуваш веќе

Давањето комплимент за убавината на жената беше со векови прифатлив гест за двата пола, се додека во светот на јавниот збор не зацарува политичката коректност. Последен го кркаше Барак Обама кому не му е првпат да се изгори за своето кавалиерство.

Колку многу е премногу?

Вообичаено слушаме бунење заради политичка некоректност на извесна изјава, текст или книга. Овој пат некој критикува прекумерно „дотерување" на детската литература, така за да не звучи навредливо.

Плакнење на новинарството

Заборавете на хомофобија и етничко чистење. Во желбата да се биде неутрален, Асошиетед прес подготвува прирачник во кој на своите новинари им забранува употреба на вакви "етикети".