Асошиетед прес се наоѓа сред проект во кој сака да ја зголеми неутралноста на своите содржини па во прирачникот за новинарите кој треба да биде објавен следната година подготвува сериозно глупи правила за избегнување етикети.
Во тој налет ќе паднат некои сосема разбирливи изрази како етничко чистење или кованиците со фобија.
Фобиите се ирационални, некотролирани стравови често во форма на ментална болест па не треба да се користат во политички или социјален контекст, размислуваат одговорните за коректност во АП.
Алтернативата е ваква: кога некој ќе изјави дека хомосексуалците треба да се запалат (или слично), новинар на АП нема тоа да го нарече хомофобичност туку само анти- геј.
Слично се размислува и за етничкото чистење кој е оценет како еуфемизам што недоволно прецизно ги покрива и опишува дејствата. "Само сакаме да биде што попрецизни и понеутрални во нашите описи," велат одговорните во Агенцијата.