Заклучокот се базира на неодамна објавената студија „Hidden Tribes: A Study of America’s Polarized Landscape“, за која се анкетирани над 8.000 Американци од сите можни изведби и верзии, и од таму авторите вадат 7 кластери на луѓе во земјата:
- прогресивни активисти
- традиционални либерали
- пасивни либерали
- политички незаинтересирани
- умерени
- традиционални конзервативци
- посветени конзервативци
По оваа поделба околу 25% од Американците се традиционални или посветени конзервативци, и нивните гледишта се далеку вон меинстримот. Од друга страна околу 8% прогресивни активисти чии гледишта се уште понетипични.
Наспроти нив се две-третини од Американците кои не припаѓаат на ниту една од овие екстремности и тие го составуваат „уморното мнозинство“. Заедничко за членовите на оваа група „е чувството на умореност од поларизираниот политички разговор во земјата, подготвеност на флексибилност во нивните политички гледишта, и немање глас во политичкиот разговор“.
Најголемиот дел од „уморното мнозинство“ не ја сакаат политичката коректност, а меѓу општата популација цели 80% од Американците веруваат дека „политичката коректност е проблем во земјата“ вклучително и 74% од оние на возраст меѓу 24 и 29 години, и 79% меѓу оние на возраст под 24 години.
„Младината не е добар канал за поддршка на политичката коректност, а излезе дека не е ни расната припадност“ пишува Јаша Моунк во текстот за Атлантик пред да наведе дека белците дури и не се најголемите хејтери на политичката коректност (околу 79%), за разлика од Азијатите каде ова е 82%, Латиносите со 87% и американските Индијанци од кои 88% се противат на политичката коректност.
Најголема поддршка за политичката коректност има кај црнците, меѓутоа и во тој случај таа не нешто голема сама по себе, туку во споредба со другите, па „само“ 75% од оваа група се против овој концепт, што е само 4% помалку отколку кај белците.
Во студијата се објаснува дека основа по која може да се предвиди политичката коректност се: приходи и образование. Така, додека 87% од оние кои никогаш не запишале колеџ сметаат дека политичката коректност станала проблем во земјата, само 66% од оние со завршени постдипломски студии го имаат истото мислење. Нешто помала разликата е во примерот со приходите, па додека оние што заработуваат под 50.000 долари годишно се против новата култура, само 70% од оние што заработуваат над 100.000 годишно се скептични на темата.
По политичка идеологија 97% од посветените конзервативци ја сметаат политичката коректност за проблем, кај традиционалните либерали ова изнесува 61%, а кај прогресивните активисти тоа е само 30%.
Она околу што нема речиси никаква согласност меѓу испитаниците е - што точно значи политичка коректност, па најголемиот дел од луѓето кои не ја поднесуваат се плашат дека таа „ќе го попречи нивното секојдневно изразување“.