Во интервјуто за Пи-би-ес, Веивеи објаснува дека САД се сосема зрели за авторитарна власт:
„Секако Соединетите држави, со денешните услови, можат лесно да имаат апсолутист.
На многу начини вие веќе сте во авторитарна држава, само не го знаете тоа.“
На потпрашањето за горе кажаното Веивеи образложува дека добар дел од работите што денес се случуваат во САД може да се споредат со Културната револуција во Кина, конкретно фанатичноста што постои околу наметнување на политичката коректност.
Културната револуција е еден од најмрачните периоди во модерната кинеска историја. И ден денес не се знае точниот број на загинати Кинези во револуцијата кој се проценува од 400.000 до 20 милиони луѓе. За време на револуцијата (1966 - 1976) се воведуваат некои од најдраконските правила што некогаш важеле во комунистичка Кина, а партијата бара безпоговрна и заслепувачка поддршка од сите свои членови.