За време на бременоста, жените во Финска од државата добиваат преполн пакет со триста чуда кои ќе им бидат потребни и корисни откако нивното бебе ќе ја види светлината на денот.
Таканаречениот мајчински пакет се праќа уште од 1938 година како обид на тогашните институции да ја намалат смртноста на новороденчињата и да ги охрабрат идните мајки бременоста да ја стават под стручен надзор. Затоа, единствен услов за добивање на пакетот е жената да посети лекар во првите 4 месеци од својата бременост.
Денес жените можат да одберат наместо пакетот да земат 140 евра кеш но огромниот дел од нив се решаваат за пакетот кој вреди многу повеќе.
Што има во него?
Бебешки душек, покривка, ќебенце, вреќа за спиење, зимски скафандер, јорганче, комбинезон, шпилхозни, чорапи, ракавици, пешкири за бањање, четличка за коса, четкичка за заби, термометар, бебешка крема, албум за фотографии, играчка за растење заби, чизмички, албум за фотографии...
Финскиот мајчински пакет може да се нарача и од други држави но во тој случај чини 434 долари.
Заедно со Норвешка и Исланд, Финска го држи врвот на земјите во кои е најдобро да се биде мајка. На таа листа Македонија е 37-та.