Орек е поранешен професионален бодибилдер, а првиот работен ангажман му е советник и заменик претседател на (неговата) семејна компанија за правосмукалки. Компанијата во 2008-ма донира 500.000 долари за кампањата на Обама (плус неговото семејство донира за Демократите од 1989-та). Од оваа позиција тој во 2009-та е именуван за амбасадор во Финска.
Во Финска Орек си минува одлично, ги врши сите работи што се очекуваат од него без никакви проблеми и контроверзии (што веројатно и не е многу проблем во Финска).
Она што тој со посебен мерак го чека се Божиќните празници, кога конечно може да ги пушти своите празнични честитки. Тие изгледаат вака (ова сериозно се официјалните честитки, и ова сериозно е он на честитките, минус тетоважите):