Финските разузнавачи, Супо, шпекулираат дека Русија би можела да го искористи купеното земјиште во Финска за сместување на свои војници и да биде употребено за руско влијание во случај на криза. Она што им е најсомнително на луѓето од Супо е што купеното земјиште нема никаква комерцијална или конвенционална пазарна вредност.
Во пракса сопственикот на земјиштето, во случајов странска земја, би можел да го сопре пристапот до патиштата или пак таму да смести своја војска.
Моментално тамошниот закон нема никакви ограничувања за површината што друга држава може да ја купи на финска територија. Иако се разгледува опцијата за менување на ова правило, министерот за правда на Финска објаснува дека ако некој запнал да купува земјиште тоа може подеднакво лесно да го направи и преку обична компанија во земјата.