Никогаш не знаеш од каде ќе ти изникне руска инвазија

Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.

Како што објаснуваат финските власти, апдејтот ќе им дозволи поефикасно справување со случаи во кои безбедноста на земјата е загрозена од групи војници без обележја.

Под "групи војници без обележја" се подразбираат војници кои "делуваат директно во корист на друга држава, во нејзино име или без согласност на таа држава". За вакви групи и претходно беше забранет влез и престој во Финска.

Неофицијалниот термин за војници без ознаки е "мали зелени луѓе", и се однесуваат на зелената униформа без ознаки што руската војска ја користеше во Украина за време на отцепувањето на Крим.

 

19 јули 2017 - 11:31