Таг: војска

Американската војска спушта критериум

Армијата на САД ги олабави медицинските норми за примање нови регрути. Старите критериуми ги исполнувале само 23% од младите. Според новите, шанса да бидат војници ќе добијат и лица што биле дијагностицирани со благи ментални растројства.  

Како Едгар Алан По бил исфрлен од американската армија

Има голем број писатели кои истовремено биле и воени ветерани - Витман, Селинџер, Толкин. Тешко е да се замисли дека еден од нив бил и По. Важел за добар и мотивиран војник, до моментот кога бил исфрлен од армијата.

Никогаш не знаеш од каде ќе ти изникне руска инвазија

Финска, држава во историски константна состојба на "да не реши комшијата утре дека сме негови", со закон забрани носење маскирна и воена облека без обележја, како превенција од повторување на снимките од Украина и Крим.

САД бескорисно потрошилe 28 милиони долари на униформи за авганистанската армија

За САД не е толку проблем парите што се дадени, колку што за Авганистанците е проблем што со парите се купени маскирни униформи со шара за шума, а во земјата само 2,1% од територијата има шума.

Како Пеп Гвардиола учел тренерски занает меѓу нарко-картел во Мексико

Најдобриот тренер на денешницата читал од учебникот на неговиот омилен тактичар Хуан Мануел Лиљо за кого Гвардиола се решава да живее и работи во Мексико во време на брутална војна меѓу армијата и нарко-картелите.

Најдобриот Кореец од Премиер мора да се јави во касарна

Не, не е Северна Кореа. Најдобриот Јужно-корејски фудбалер во моментов, Сон Хјунг Мин доби понуда од Тотенхем за нов договор, но за да го потпише ќе мора да го реши повикот од Јужна Кореа да служи војска, во спротивно би имал проблем во татковината. 

Како заврши пролетта во Египет

Беше Мубарак, па дојде Морси и Муслиманското братство а потоа со помош на либералната и секуларна елита, влијателната египетска армија сето тоа брутално го задуши и од пролетта не остана ништо. И додека новите фараoни на Египет му се ситат на претходникот (деновиве осуден на смрт) силите на ИСИС си газат, освојувајќи територии источно од Каиро.

Зошто не треба да заспиваш во униформа

Меѓу непишаните правила на војската е дека не мора секогаш нешто да биде забрането за ти да бидеш казнет. Една од работите за кои редовно стига казна (во зависност од расположение на тие околу тебе) е - спиење во време кога не треба да се спие.

Непријатно видео на денот

Дечкото е Србин што живее во Хрватска (во село во околина на Барања на самата граница со Србија). На почеток од 90-ти, (има 18 години) српската војска доаѓа кај него во село, му дава калашников и го носи на фронт. Таму мести мини. Ја преживува војната ама не без проблеми. По некое време на пијано, ненамерно, ја застрелува девојката со пиштол во глава. Оди во затвор. Документарецов со него е снимен во 2010-та, повторно во истото село во околина на Барања, од 3-ца хрватски андерграунд филмаџии.

Турбан, долу!

САД ги олабавуваат правилата за униформа на американската војска и ќе дозволат религиозни додатоци како што се бради, капи, турбани и тетоважи.