На екваторската нула во мексиканскиот град Кулијакан недалеку од Калифорнискиот залив луѓето ретко лутаат по улиците по заоѓањето на сонцето.
Наркобаронот по име Хоакин Гузман, попознат во светот како Ел Чапо е роден на 100 километри од ова место, во општината Бадирагуато. Ова место заедно со Синалоа и Кулијакан се едни од поголемите градови на северо-западот од Мексико и биле најважни точки за картелот на Гузман.
На телевизија и во весниците редовно известувале за нови грабежи и убиства, а во декември 2006. година мексиканските власти во Кулијакан пратиле федерална војска и тогаш почнала бруталната и крвава војна со нарко-картелите која уште е во тек.
Пеп Гвардиола, 35-годишен Шпанец стигнал во градот 11 месеци пред почетокот на војната. Се сместил во хотелот „Луцерн“. Едно време живеел сам, а потоа дошле пријателите и семејството.
Пеп не барал ни обезбедување, ни телохранители - напротив, во Мексико Гвардиола ја уживал слободата и сакал да оди по ресторани и барови. Често одел и сам.
Жителите на Кулијакан не го препознавале, така што Гвардиола лесно можел да минува неколку часа во двоспратното кафуле „Миро“ со портокалови ѕидови и ниски столчиња. Таму Пеп одел на чаша вино или пиво и читал книга. Или одел во „Ла Кончита дел Медио“, мал ресторан каде Пеп јадел шкапми и ракчиња.
Соптвеникот на „Ла Кончита“ уште ја чува урамената фотогрфија со Гвардиола и го фали Шпанецот дека бил многу пријатен човек. „Луѓето кои доаѓаат кај мене знаат дека овде некогаш вечерал Хозеп Гвардиола“, вели тој.
Но секако, Пеп не дошол во Мексико за шкампи и ракчиња, ниту за пари - тој дошол за дружба и знаење.
На 1. септември 1996 година тренерската ѕвезда на Барселона Боби Робсон стигнала во Овиедо да игра со локалниот Реал Овиедо. Составот на Барса тогаш бил фантастичен: Луис Енрике и Гвардиола во средниот ред, Стоичков и Роналдо напред. Овиедо тогаш се борел за опстанок, но го имале Хуан Мануел Лиљо - човекот со црна виткана коса, прониклив поглед и необична кариера.
Лиљо никогаш професионално не играл фудбал, но тоа не го спречило да стане најмладиот тренер во историјата на шпанскиот фудбал. Во 1985 година кога потпишал договор со Толозој во четвртата лига, имал 20 години. Во четвртата лига заглавил шест години а потоа барал повеќе и заминал во клубот под име Културал Леонес од Леон - таму Лиљо првпат ја пробал формацијата 4-2-3-1 и заработил место во тренерските учебници.
Кога пред неколку години часописот The Blizzard објавил долго интервју со Лиљо, ренџерот Џонатан Вилсон го нарекол Шпанецот „пронаоѓач на моделот 4-2-3-1“. Во интервјуто се опишува човекот кој во ’80-те години бил романтичар и го развил стилот на игра кој подоцна успешно ќе го применат Шпанија и Барселона - познатата тики-така.
Во Овиедо Лиљо дошол во летото 1996 година и иако пред мечот со Барселона неговите играчи загубиле четири натпревари, тренерот вечерта бил одлично расположен. 25-годишниот Гвардиола бил импресиониран од техничката подготвеност на противникот и после мечот му пришол на асистентот во Овиедо и го прашал дали може да го запознае со Хуан. Лиљо тогаш излегол од соблекувална, Пеп му бил омилен играч, така што не размислувал многу.
„Помошникот ми кажа дека ви се допаѓа нашиот стил и мило ми е за тоа“, му рекол Лиљо кој додава дека од тогаш цело време биле во контакт со Пеп.
Во летото 2005-та играчката кариера на Пеп завршуваше во катарскиот Ал Ахли. Лиљо неколку недели ја разгледувал понудата на мексиканскиот клуб Дорадос Синаола од Кулијакан. На крајот одлучил да ја прифати, а Гвардиола во тоа време се запишал на тренерски курс и неофицијално ја заврши својата играчка кариера.
Тогаш во животот на Пеп повторно се појавил Лиљо. Во декември истата година му предложил на Пеп да се врати на терен и да потпише со Дорадос. Гвардиола бил одушевен од тренерските методи на Хѕан и го сметал за близок пријател поради што чекирал карта за Мексико.
Финансиската страна не била главна а и Дорадос немал многу пари - во 2006-та клубот за малку избегнал банкрот. Клубот дошол до таа мера Лиљо тренинзите да ги води во паркови, а играчите се загревале под палмите.
Платите не стигнувале на време, а некогаш и воопшто не стигнувале. Пеп на почетокот бил изненаден а подоцна разработил сопствен метод за спас на клубот: После два дена во Мексико дошол кај клупскиот возач и му дал плико во кое имало 3.000 пезоси и побарал од возачот Елисео да им подели на оние што најмалку земаат во Дордос.
Таму имало многу фудбалери со плата од 6 до 7.000 пезоси. Вработените во клубот го сакале Шпанецот но и натаму се бунеле: Зошто на тренинг оделе без официјалните маици на клубот.
Пеп протестирал со нив а дома размислувал за иднината.
Во Ал Ахли го викале да ја продолжи тренерската кариера. Хуан одел на курсевите на Гвардиола и видел дека има голем потенцијал. Пеп во една прилика го нарекол Лиљо „најумешниот тренер на светот и човек кој најмногу влијаел на неговата кариера заедно со Јохан Кројф“.
’Секогаш зборуваше дека најмногу сака двајца тренери - Арсен Венгер и Марсело Бјелса’, се сеќава Лиљо.
Во Дорадос Гвардиола ја имал должноста помошник на Лиљо. На тренинзите доаѓал со тефтер во кој ги запишувал сите вежби на главниот тренер а потоа ги тргал играчите на страна и им објаснувал како да се однесуваат во дадена ситуација.
На натпреварите Пеп често мафтал со рацете и им давал инструкции на играчите. Секое утро му носел досие за следниот противник, а после вечерата, цела ноќ дискутирале за тактички нијанси и тренинзи. Паралелно Пеп напишал аналитичка колумна за El Pais и се спремал за официјално завршување на кариерата.
Разговорите на Гвардиола со играчите секогаш биле фасцинанти. Еден ден му се јавил на Себастијан Абреу, високиот долгокос Уругавец и одличен напаѓач кој сакал да патува и никогаш не се задржувал долго на едно место: 22 години кариера - 28 трансфери. Патувал низ светот: Од Израел во Аргентина, од Бразил во Грција, од Шпанија во Парагвај. На крајот стигнал на состанок со Пеп во Мексико. (Приказната за Абреу тука).
Пеп неколку часа зборувал со Себастијан, му објаснувал каде е должен да се позиционира во нападот и како да се движи. Му кажал и дека неправилно ја прима топката: „Секој пат штом ја примиш, ја губиш за три секунди“, му рекол Гвардиола. “Не, не ја губам“, му вратил Абреу. „Добро, тогаш ќе останеме овде до подоцна. Ако можев да го убедам Ромарио да го направи тоа, ќе те убедам и тоа“.
На еден друг играч, Аргентинец по име Анхел Моралес кој му дал гол на Јувентус во дресот на Сампдорија, Гвардиола му кажувал како да се поставува: „Топката мора да ги помине сите играчи во тимот. Од голман до напаѓач, секој треба да има макар по еден контакт“. Моралес му одговорил дека тоа не е можно: „Јас сум од Аргентина. Сакам да дриблам со топката, сакам да правам финти“.
Во 2009-та година, Анхел бил во Уругвај и додека ја гледал играта на Барселона, се сетил на Гвардиола: „Ете, тоа е тоа за што ми збореше Пеп, а јас не го слушав“.
Пред летото 2006-та, животите на Лиљо и Пеп ги потресол скандал. Хуан изјавил дека клубот Сан Луис со кој што владеел медиумкиот гигант Televisa остварил сомнителни победи против појаки противници. По некоја „случајност“ тие противници исто биле во сопственот на медиумскиот конгломерат. Медиумите кренале буна, а по неколку месеци Дорадос и официјално испаднал од првата лига.
Од Кулијакан прво заминал Пеп, а потоа и Лиљо.
Во есента 2010-та, Гвардиола одново се сретна со стариот добар другар. Немилосрдната Барселона на Пеп и дала осум гола на Алмерија која што ја водеше Лиљо. На тој меч Алмерија не дала ниеден гол, и истата вечер претседателот на клубот Алфонсо Гарсија му дал отказ на тренерот Хуан Лиљо.
Најмладиот тренер во историјата на шпанскиот фудбал во моментов му е помошник на Хорхе Сампаоли во Севиља, а Пеп го води можеби најбогатиот клуб на светот.