Светскиот патник Себастијан Лудиот Абреу

Во кариерата играше за преку 20 клубови на 3 различни континенти. Кога сите бегаа од пеналот за пласман во полуфинале на Светско, тој се прослави со паненка и го завикаа El Loco (Лудиот).

За Јужно-Американците е својствено да играат фудбал насекаде по светот, но ретко кој менува клубови како што ги смени Себастијан Абреу. Роден на 17. октомври 1976. година во Минас, Уругвај, Вашингтон Себастијан Абреу Гало играше во родната земја, во Аргентина, Шпанија и Грција преку Мексико до Израел.
 
Иако има 39 години, Ел Локо Абреу фудбалски се прослави пред  5 години, кога на Светското првенство во Јужна Африка му донесе на Уругвај пласман во полуфиналето. Уругвајците на тој меч ги спасуваше Луис Суарез кој со рака ја изавди топката од гол, па доби црвен картон. Со 26 голови на 70 средби е еден од најдобрите стрелци во историјата на Уругвај (Кавани има 27).
 
За Целесте играше на СП во Ј. Кореа и Јапонија во 2002, во Ј. Африка во 2010. како и на Копа Америка во 2007. и 2011. година. Во татковината е познат како борец за човекови права, опозиционер на секоја власт и човек што ги помага социјално загрозените случаеви.
 
Клубовите за кои настапуваше се: Дефензор, Сан Лоренцо, Депортиво ла Коруња, Гремио, Текос, Сан Лоренцо, Национал, Круз Азул, Америка, Синалоа, Дорадос, Монтереј, Сан Луис, Тигрес, Ривер Плата, Беитар Ерусалим, Реал Сосиедад, Арис, Ботафого, Фигуеиренсе, Депортиво Аукас и Розарио Централ.

Да шутираш паненка во четвртфинале на СП треба навистина да си Еl Loco Abreu:
26 јуни 2015 - 16:47