Сумата и забелешката е од Специјалниот главен инспектор за реконструкција на Авганистан, а ова е откриено речиси една деценија откако е направена набавка на униформи за авганистанската армија.
Во одбрана на Американците тие само ги дале парите, додека изборот на дизајнот на униформи е од тогашниот авганистански министер за одбрана генерал Абдул Рахим Вардак, на кого "му се допаднало тоа што го видел" на сајтот на компанијата Хајперстелт и побарал опремата да биде со таа шара.
Компанијата во соопштение од 2010-та признава дека нарачаната камуфлажа им се видела како "чуден избор".
"Ова е просто глупо од прв поглед. Потрошивме 28 милиони долари од парите на нашите даночни обврзници во име на модата, затоа што министерот за одбрана мислеше дека таа шара е убава. Па ако го бендисаше розово, такви ли ќе ги направевме?" изјавил главниот инспектор, Џон Сопко.