Сон постигна пет гола на пет меча за Тотенхем сезонава и важи за најдобриот фудбалер на Спарси во досегашниот тек од првенството и Лигата на шампионите.
Но тоа многу не ја тангира армијата во неговата татковина каде мора да отслужи 21 месечен воен рок пред да наполни 28 години.
Без Хари Кејн, кој отсуствува неколку недели поради повреда на лигаментите на зглобот, навивачите на Тотнем се прашуваа кој ќе дава голови. Никој не веруваше дека тимот ќе го предводи 24-годишниот фудбалер кој лани летото дојде од Германија.
Како што стојат работите, до својата 28-ма година Сон ќе мора да отслужи 21 месец војска а за тоа време не би можел да настапува за тимот кој веќе планира да му понуди нов богат договор од 130.000 фунти месечно со што би станал најскапо платениот Кореец во историјата.
Од друга страна, многу познати корејски глумци, музичари, доктори и професори се обиделе „да се направат наудрени“ и да избегнат воен рок, но за тоа им следувале затворски казни. Некои се обиделе да се вадат на „здравствени проблеми со слухот и видот“, добивале туѓо државјанство, но тоа автоматски значи и прогонство, односно забрана за враќање во земјата како и проблеми за семејството и роднините.
Олеснителна околност имаат успешните спортисти, но тоа успешни да се важи за репрезентацијата на Јужна Кореја, а не за клубовите во кои настапуваат. Така на пример, најпознатиот Јужнокореец кој играше за Манчестер Јунајтед, Парк Џи Сунг стигна до полуфиналето на Светското првенство 2002. година и успеа да избегне одење во војска.
Еден друг Парк, Парку Чу Јонг кој не се снајде најдобро во Арсенал успеа да избега на армијата затоа што во 2012. година добил документи за државјанин на Монако и бил уредно пријавен во ова Кнежевство. Среќа за него па тие денови освоил бронза на Олимписките Игри во Лондон па војската му прогледала низ прсти.
Како Сон од Тотенхем може да избегне служење војска?
Ќе успее само ако стане на пример првак на Азија. Тоа му беше многу блиску, даде гол против Австралија во финалето на ова првенство, но „Кенгурите“ на крајот победија после продолженијата. Во Рио летово не беше ниту близу до медал, така што заканата да го земат во војска е активна.
До моментот кога нема да мора да се јави ги има уште Азиските Игри во 2018. година или Мундијалот 2018. во Русија. Олимписките Игри во Токио 2020. се далеку, а тогаш ќе има 28 години.
Тотенхем Хотспур се моли на претседателските избори во Јужна Кореа да победи еден кандидат кој вети дека ќе го укине задолжителното служење војска ако победи на изборите. Ако немаше проблеми со војската, „Соналдо“ како што го викаат Сон во Англија досега ќе потпишеше договор вреден 6 милиони евра од сезона.
Пред Тотенхем, Сон играше за Хамбургер од 2010 до 2013 и постигна 20 голови на 73 меча. Подоцна се прослави во Леверкузен каде од 2013 до 2015 даде 26 голови на 78 меча и сега е во Тотенхем.