Во периодот од 6 јуни 2022-ра до 3 февруари 2023-та, ѕвездата на Тотенхем се претворил во Синиша Михајловиќ против Чиле, Парагвај, Коста Рика, Колумбија и Австралија. Му легнале јужноамериканските држави.
Да, до таму одат спонзорските договори. Ѕвездата на Тотенхем Сон Хјунг Мин летово стана амбасадор на Самсунг и ако тој слика, мора в раце да држи телефон само од корејската компанија. Да го видиме примерот.
Не му барам дрес, не му барам автограм, ниту го замарам да се сликаме. Сон Хјунг Мин му го направи денот на еден од најмладите фанови на Тотенхем. Толку само требаше.
ФИФА синоќа додели неколку важни награди за 2020-та година, Роберт Левандовски го доби признанието за најдобар играч на годината, а Кореецот Сон од Тотенхем за најубав погодок во изминатите 12 месеци.
Јужнокореецот викендов на средбата Тотенхем - Барнли 5:0, постигна гол кој со децении ќе се врти на разни топ листи во Премиер лигата. Да се потсетиме како тоа изгледаше, ама со два подотоци за лудоријата: Брзина на движење и поминати метри.
Тотенхем си замина со убедлив триумф од Маракана од 0:4. Сон Хјунг Мин беше двоен стрелец, а еден од головите го искористи јавно да му се извини на Андрес Гомеш од Евертон на кој изминатиов викенд без никаква намера му скрши нога. Кореецот не можеше на себе да дојде од мака.
Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.
Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.
Не, не е Северна Кореа. Најдобриот Јужно-корејски фудбалер во моментов, Сон Хјунг Мин доби понуда од Тотенхем за нов договор, но за да го потпише ќе мора да го реши повикот од Јужна Кореа да служи војска, во спротивно би имал проблем во татковината.