Тотенхем си замина со убедлив триумф од Маракана од 0:4. Сон Хјунг Мин беше двоен стрелец, а еден од головите го искористи јавно да му се извини на Андрес Гомеш од Евертон на кој изминатиов викенд без никаква намера му скрши нога. Кореецот не можеше на себе да дојде од мака.