На Тарик му се оди дома затоа што разбрал дека татко му паднал сериозно болен "ама прво и пред се' заради неговото разочарување со Финска: државата не излегла како што ветувале шверцерите на брегот на Медитеранското море. Нему посебно му пукнал филмот од неактивноста и локалната храна откако минал 4 месеци во приемниот центар."
Слично барање на Тарик има и Табит ал-Асвад кој избегал од Багдад. По три месеци во приемниот центар ал-Асвад се жали дека постојано е уморен и под стрес, не може да спие убаво и е очаен да прави нешто што ќе го исполнува.
Според ИОМ Хелсинки се повеќе и повеќе Ирачани ги повлекуваат своите апликации за азил, а "бројот на луѓе кои доброволно се враќаат дома, од есенва е страшно пораснат." ИОМ го организира враќањето дома на сите Ирачани кои ја прифатиле понудата на финскиот имиграциски сервис за бесплатно враќање дома.
Во октомври 60 Ирачани (од вкупно 78 бегалци) одлучиле да ја напуштат Финска и да се вратат дома, во ноември бројката е 72 Ирачани, од вкупно 111 бегалци кои ја прифатиле понудата. За декември се очекува да се зголеми бројот.