Директорите на Суперсел од моментот кога стануваат милионери, некаде во 2013-та кога Јапонци го купуваат мнозинскиот дел во компанијата, носат одлука дека во целост ќе ги плаќаат своите даноци без никакви обиди за избегнување.
Тие секоја година се обидуваат да го привлечат вниманието на јавноста кон плаќањето целосен данок и избегнување на каква било "даночна оптимизација", закупувајќи дупла страна во тамошните весници на која и се заблагодаруваат на владата за помошта што ја добиле од нејзе во изградба на компанијата, порачувајќи дека се горди што можат да вратат назад за други да можат да ги добијат истите бенефиции.
Мико Кодисоја и Илкка Паананен, откако продадоа дел од својата компанија платија данок од 54 милиони долари, што е најголем индивидуален даночен придонес во историјата за Финска.
Иако популарноста на Клеш оф Кланс падна во последниов период, тие нејзе ја заменија со нова игра - Клеш Ројал, која слично гази како и претходникот. Моментално Клеш Ројал е меѓу игрите со најдобра заработувачка во продавницата за апликации на Епл.
Јапонците, СофтБанк, моментално размислуваат за продажба на дел од нивниот 73-процентен удел во компанијата, чија вкупна вредност ја проценуваат на 5 милијарди долари. Во 2013-та Јапонците купија 51% од компанијата за 1,5 милијарди долари. Во 2015-та за 1,2 милијарди докупија уште 22%. Причината за продавање е што на компанијата, како и на многу други од овој бизнис, не и успеа да се пробие на јапонскиот пазар.