Средношколецот од Финска ги витка лабаво обрачите

Финска синоќа испиша кошаркарска историја со влезот во полуфинале. Предводници на триумфот против Грузија беа Микаел Јантунен од Фенербахче со 19 и Лаури Марканен од Јута Џез со 17 поени. Но Финците имаат нова ѕвезда во доаѓање, а тоа е Мика Муринен кој на само 18 години се забавува под кошевите на Евробаскетот.

Финска има 18 годишник кој забива како луд

 

11 септември 2025 - 14:42