Во Финска имало Светско првенство во издржливост во сауна - се печеле на 110 Степени

На листите на најморонски обиди за спортување се најде и овој неофицијален турнир во тоа кој подолго ќе седи во сауна. Турнирот завршил трагично откако еден Русин решил да „гине за саунски идеали“.

Според некои груби проценки, во Финска на 5 милиони жители постојат 3 милиони сауни. Локалните историчари раскажувале дека сауните во Финска се појавиле уште во V-от век и толку многу навлегле во северната култура што долго време биле единствен извор на греење во домовите. Имало дури и периоди кога жените се пораѓале во сауните.

Својствата и влијанијата на сауната врз здравјето на човекот се изучувале уште од средината на XVIII век, а по Втората светска војна во Финска почнал прав бум на сауни.

Ги граделе на универзитети, пишувале докторски дисертации за нив, секој дом имал макар по една сауна. Финците тврделе дека дури и скафандерите со кои Американците се качиле на Месечината биле правени со податоци за терморегулација на телото добиени во фински сауни.

Сауната во спортот се обидел да ја внесе Оси Арвел од градот Хејноле. Новинарите на БиБиСи Том Фордајс и Бен Дирс зборувале за тоа дека Оси Арвел работел како туристички агент и пишувал за локален весник.

Првпат кога во 1999-та организирале турнир во тоа кој подолго ќе издржи во сауна, се пријавиле 60 ученисици од 5 земји. Правилата биле едноставни и не се менувале:

- Сауната ја греат до 110 степени Целзиусови

- Внатре ставаат прибор кој на секој 30 секунди автоматски прска по пола литро вода на вжештените камења. Тоа ја зголемува влажноста а заедно со неа и температурата

- Секој натпреварувач е должен да седи исправено и рамно на клупите а лактите да им бидат потпрени на колената

- Не смее да се трие кожата и да се брише потта

- Нема користење креми и лосиони. Пред влегување во сауна да не се употребува алкохол

- Мажите треба да носат купачи не подолги од 20 сантиметри, а жените не пошироки од 5 сантиметри

- Учесниците се должни на судијата да му покажат гест дека се е нормално со нив и дека се при свест

- Во сауна влегуваат по шест луѓе. Победува тој кој последен самостојно ќе излезе од неа

Во услови на зголемена влажност откако камењата ќе се попарат со вода, се нарушува работата на главниот механизам за заштита на организмот од горење. Кожата се пече а отежнато е и дишењето.

Телото во еден момент толку многу се загрева, што организмот се обидува да го олади и усмерува повеќе крв во кожните пори поради што луѓето заруменуваат на голема горештина. Ако организмот подолго време биде во таква ситуација, помалку крв ќе стига до мозокот а со тоа и помалку кислород и човекот може да изгуби свест.

Сауните ги загревале скоро па ненормално многу а некои специјалисти од финското општество тврделе дека човекот може да издржи до 160 степени.

Но на светскиот турнир во градот Хејноле условите биле такви што претседателот на норвешката асоцијација Тор Андерс Ауне рекол:

„Тоа е чист идиотизам! Нема никаква смисла во таа малоумност која нема никаква врска со нормална сауна“.

ЗА ТУРНИРОТ ДОЗНАЛЕ 40 МИЛИОНИ ЈАПОННЦИ, АМА СЕ ПРЕКИНАЛ ПОРАДИ СМРТЕН СЛУЧАЈ

Екстремната природа на Светското првенство во седење во сауна го направила многу популарен овој турнир, но само во тесните кругови.

Во 2004 година на турнирот дошла седумчлена група од Јапонија а репортажата за нив ја гледале 40 милиони Јапонци. Во 2007-ма година Јапонците ја повториле посетата и снимиле документарен филм.

Тогаш со нив дошол и Казуми Морохоши, многу популарен лик во Јапонија од крајот на ’80-те години. Тој учествувал во квалификациона рунда и издржал 5 минути и 42 секунди.

После неколку години репортажи за овој турнир снимале и Reuters, BBC и RTE.

„Финците немаа многу поводи за гордост, но сауната е еден од нив. И ден-денес имате фински војници од ООН кои кога одат на мисија во друга земја, прво што носат со себе е сауна“, вели Оси Арвела, основачот на овој Светски Куп во саунска издржливост.

Што се однесува до безумноста на турнирот, неа најдобро ја опишува Џошуа Дејвис, американски авантурист кој во 2005-та година решава да се проба и „во сауна“.

Тој долги години одел по разни чудни и необични натпреварувања по светот, а тврди дека ниту корида ниту сумо ниту трчање по оган не е толку опасно колку ова со сауната.

„Знаев дека ќе биде жешко кога влегов во сауната, таму во еден момент мислев ќе умрам. Ако останев уште 30 секунди повеќе, ќе ме погребаа. Имав опекотини по цело тело кои ми стоеа две недели“.

Од 2007-ма година на турнирот освен Јапонците, дошол и Рик Рајли, колумнистот на ESPN, кој 11 пати беше прогласуван за спортски новинар на годината. Тој се пријавил за турнирот и седел во сауната околу три минути.

„Беше ѓаволски жешко што не можев да мислам. Мислите ме болеа. Пробав да гледам во оганот и да не трепкам зошто и трепкањето беше болно. Пробам да дишам поретко зошто и дишењето беше тешко. Да седиш беше најтешко од се. Мислиш дека грбот ти гори. Сигурен бев дека пршти оган. Како буквално да ми гореа ушиве“.

Рајли раскажал и за некој лик кој во првиот круг останал 8:03 во сауната и излегол од неа без кожа под носот. Му изгорела. После второ коло тој човек имал такви изгореници што го однеле на лекар кој му рекол: „Неопходно е да одите во главната болница. Сте изгубиле многу течност и подложни сте на инфекции поради изгорениците. Ние не можеме да ви помогнеме, ова е сериозно“.

Од 2007-ма турнирот станал право Светско првенство зошто имало се помалку Финци а се повеќе учесници од други земји. Но ѕвезди на овој „спорт“ биле од Финска: Главниот лик бил Тимо Кауконен кој го викале Тимо Велики. Во еден момент тој бил трикратен шампион.

Тимо имал дури и навивачи и спонзори. Тој се спремал многу сериозно за турнирт: Имал околу 20 влеза дневно во сауна при температура од 140 степени а правел и аеробни тренинзи. Дневно пиел и до 10 литри вода.

Во 2007 година по четврти пат ја освоил наградата.

ТРАГЕДИЈА ВО 2010 КОГА УМРЕЛ РУСИН

Последен пат овој неофицијален Светски куп во седење во сауна се одржал во 2010-та година и завршил трагично: 62-годишниот руски учесник Владимир Ладженски кој во тој момент бил во финале со Тимо Велики, не можел сам да ја напушти сауната.

„Тимо некако и можеше со мала помош да излезе сам. Русинот мораше да се повлече и во еден момент падна пред сауната, му почна конвулсија (течење крв од нос) и тресење. Брзо дојдоа лекарите“, се сеќава Рајли од ESPN.

Ладженски набрзо починал а Кауконен со 70% тешки изгореници на телото го пратиле на реанимација каде 2 месеци поминал во медицинска кома (клиничка смрт). Најмногу му настрадале нозете кој му биле близу изворот на вжарените камења.

Двајцата побарале помош во 7’ минута кога во еден момент изгубиле сознание. Кауконен претходно издржувал без проблем повеќе од 10 минути а Ладженски тврдел дека во такви услови може максимално да остане од 12 до 15 минути. Останатите учесници во финалето се откажале после 2-3 минути.

Таа година во градот Хејноле донеле многу ретки камења кои достигнувале до 32 степени жар. Полицијата на крај извршила истрага, но немала услови да покрене обвинение зошто сите учесници наводно потпишале договор дека лично се одговорни за што и да се случи.

Основачот на Купот, Оси Арвел и градскиот совет на Хејноле во 2010-та решиле да го прекинат натпреварувањето.

„Светско првенство треба да носи играчка и радосна природа. Ние не бевме способно да го направиме тоа“, рекол Арвел.

8 јануари 2020 - 12:37