Кој играл фудбал знае. Кога времето не е баш најдобро а теренот е цел наквасен со вода и во кал, тешко е да се најде топката а камоли да се контролира и води.
Но ваквиот фудбал во мочуриште постои како вид на спорт (официјално од 1998 година) и бил инспириран од финските крос-каунтри скијачи кои го користеле слободното време меѓу тренинзите да поиграат фудбал во кал. Од 2000-та година Светскиот Куп за фудбал во кал почнал и официјално.
Домаќинот на Светското, градот Хиринсалми во близина на еден планински венец во Финска поседува и 20 терени за фудбал во кал, ресторан во кал, како и машка и женска сауна. Постои и превоз за играчите и гледачите од сместувањето до терените и назад.
Екипите според правилата се составени од пет играчи и еден голман и немаат никакви ограничувања со измени за време на мечот. Се играат два дела од по 12 минути, нема офсајд, нема ни корнери, а пеналите и аутите се изведуваат со поткревање на топката („drop kick“). Димензиите на теренот мора да бидат должина 60 метри - ширина 35 метри.
Во светот во моментов неофицијално има близу 2.000 играчи - мажи и жени во 200 тимови од кои голем дел ќе учествуваат на Светското во градот Хиринсалми во Финска.