Истражувајќи го "изгубениот" град Ксултун во денешна Гватемала, археолозите откриле нови астрономски табли издлабени во ѕидот на 1.200 години стара стамбена зграда.
Новите табли, кои се 500 години постари од досегашните, опфаќаат период од над 7.000 години.
И на овие табли 2012-та е заведена како година по чие завршување почнува нов "долг циклус." Според првиот човек на експедицијата, Марк Зендер од Универзитетот Тулан, ова може да се протолкува како ресетирање на километражата на автомобилот, кога кје стигне на 999.999.
Слично како претходните табли кои го предвидуваа крајот на светот во декември 2012-та, и новите табли го прикажуваат движењето на планетите, позицијата на месечината и ѕвездите, и можат да ја предвидат позицијата на вселенските тела илјадници години во иднината или минатото.
Дешифрирањето на досегашните табли покажа дека на нив времето е пресметано само до 21-ви декември 2012-та, што е основа на сите теории дека на овој датум ќе исчезне човештвото.