Францускиот регулатор веќе предупреди 8 порно сајтови, меѓу кои Порнхаб и двата локални Иксвидео и Jacquie et Michel, дека имаат две седмици за да објаснат кои мерки планираат да ги преземат за спречување на малолетници да гледаат порно.
Порнхаб веднаш излезе со неколку предлози како правење селфи со лична карта, покажување на лична карта во камера, правење микро-плаќање преку кредитна картичка или физичко купување на „порно дозвола“ од локалната трафика со која ќе може да се пристапи до содржините. Во Франција во трафика / тобако, освен стандардните работи, може да плаќаш сметки и да завршиш уште некои ситни административни работи.
Летото 2020 Франција донесе нов закон против домашно насилство, кој меѓу другото има клаузула околу „пристап на малолетници до сексуални содржини.
За физичкото лице кое ќе дозволи малолетник на гледа порно, казната е до 3 години затвор и глоба од 75.000 евра, или 375.000 евра за фирма. Освен ова регулаторот може да одлучи сајтот да биде блокиран за отварање од француски ИП адреси.