Професорот по економија од њујоршкиот Универзитет Колумбија, Пјер Андре Чијапори составил формула која покажува колку пари мажот треба да заработува за да го "покрие" секој вишок килограм.
Според неговите пресметки, секои 10% прекумерна тежина, бараат 2% поголема плата за дебелиот маж да им (о)стане привлечен на жените.
Значи, ако маж со висина од 180 сантиметри, тежина 90 килограми и плата од 100.000 долари годишно, се здебели за 10кг, треба да почне да зема 2.000 долари повеќе за жените да ги занемарат неговите вишок килограми.
"Сепак, полесно е да го смениш индексот на телесна тежина, отколку својата плата и степен на образование", истакнал Чијапори.
Истражувањето на Чијапори покажало дека физичката активност и општествено-економската положба се најважни критериуми при бирање партнер. Останатите карактеристики, како духовитоста на пример, се далеку понебитни.
Со студијата спроведена врз 667 американски парови, потврдена е познатата грунфовистичка вистина, дека и мажите и жените повеќе сакаат слаби и богати, отколку дебели и сиромашни партнери.