Најнормално на свет е тинејџери нон-стоп да мислат на секс ама не како овие тројца за кои овде станува збор (двајца се на 14 и еден на 13 години).
Нивен фетиш станала темата како сексот да го направат побезбеден па развиле идеја за кондоми кои ќе менуваат боја во контакт со некоја сексуално пренослива болест. Вашингтон пост објаснува:
На кондомите би имало антитела кои би реагирале на антигените (генератори на антитела) на сексуално преносливата болест и би ја менувале бојата на кондомот во зависност од болеста. На пример, кондом во допир со кламидија би станувал флуоресцентно зелен, виолетовата боја би била за папилома, сината за сифилис....
Со оваа идеја, триото ја собрало главната награда на британскиот TeenTech Awards и велат дека веќе им пристапиле компании за кондоми.
Бидејќи во оваа фаза концептот сè уште е на ниво на идеја, остануваат битни и незгодни теми за размислување:
- како во црна темница ќе видиш што боја ти се паднала?
- дали кондомот ќе детектира проблем само кај партнерот или и кај „носителот на кондомот“ па после кавги дали внатре е плаво а надвор зелено....
- која боја попрво да покаже јадниот кондом ако дојде во контакт со неколку болести истовремено?
И слично.
Енивеј, браво за малите.
п.с. Можеше оваа вест да има наслов и „Награда за шарени куртони“ ама тоа овде веќе не е вест а темата, ради лична гадливост, избегнуваме посебно да ја третираме, освен понекогаш како линк во набрзинка