Во текст објавен на неговиот Фејсбук профил под наслов „За обвиненијата“, Тајсон признава дека иако одредени аспекти од инцидентите навистина се случиле, тој истите поинаку ги доживеал отколку жените што го обвинуваат.
„Она што посебно ме интересира е како јавноста се справува со случајот на Тајсон. За оние кои инстинктивно ја поддржуваат верзијата на настаните на Тајсон, што тоа им зборува на жените во СТЕМ (Science, technology, engineering, and mathematics)? Или општо на жените? А за оние што им веруваат на овие жени, дали Тајсон ќе биде ’укинат’ од разговорите - на пример, целосно бришејќи ја неговата работа на зголемување на свесноста за климатските промени?“ пишува Ив Ендрус во Салун.
Самата авторка признава дека низ годините испишала голем број пофални текстови за Тајсон и неговата работа, фалејќи го и како човек и како научник. Во еден од текстовите таа не може да престане со пофалби за Тајсон кој за време на еден свој говор на девојче од публиката и рекол дека треба да стане научник.
„Но како што знаеме, едно дражесто видео не прави СТЕМ да е женски клуб. Како што ќе расте девојчето таа ќе сфати дека објективноста е неприкосновена во науката. Таа исто така ќе гледа како други жени од науката ќе излегуваат од јавност за да ги споделат своите искуства од тоа како биле нападнати, малтретирани и повредувани, а нивната способност за ’објективно’ да ја утврдат штетата направена од (конкретни) мажи често пати ќе биде под сомнеж,“ пишува Ендрус алудирајќи на оправданието на Тајсон кој тврди дека жените погрешно го разбрале и слично.
Ставот на Ендрус е дека постигнувањето во одредено поле не е пропусница за цел живот „тоа што си пример за наука популарен низ цела планета не значи дека твојот морал не смее да се нападне. Тоа е најчистата апликација на објективноста; дека можеш да ги согледаш сите таленти и недостатоци на еден човек и да не дозволиш првото да ја попречи твојата осуда за второто.“
Продолжувајќи за малото девојче кое Тајсон го инспирира да стане научник, таа објаснува дека научникот дента направил добра работа.
„Но тоа што направил нешто добро не го прави некого добар човек, и ние треба да можеме да ги разделиме тие две работи.
Јас го почитувам Тајсон како астроном, моќен глас за дејствување против климатските промени, и поборник за разноликоста во науката. Но помалку го почитувам како маж.
Во време на #MeToo, обожувањето херои изгледа се поапсурдно. Јас би сакала да ги славите работите што луѓето ги прават, кога тие заслужуваат да бидат славени, а не да даваме бланко чек на одобрение според тоа кои се тие. Сите луѓе имаат своите мани; некои од нив се и зли.
Науката се создава на ’рамењата на гигантите’ а не на светците. И кога тие ќе бидат соборени, можеби ќе може да го оставиме и да продолжиме да се искачуваме,“ порачува Ендрус.