5-те илјади метри квадратни треба да бидат во објект на 5 спрата кој ќе има 100 мали соби, и стриптиз клуб, кој во планот се води како дел за „еротска забава“.
Во јануари советот на Амстердам го одобри планот на градоначалничката за затворање на најголемиот дел од излозите во црвената зона на градот. За молот за проститутки се разгледуваат 9 локации, и сите се надвор од градот, а заради безбедност на сексуалните работнички/работници објектот ќе има само еден влез и излез.
Градоначалничката на Амстердам објаснува дека таа како жена не може да го прифати понижувањето кое моментално го минуваат девојките што стојат на излозите во црвената зона „пред толпи туристи кои ги фотографираат и им се исмејуваат.“
„Тоа е против сите права на жените и против идејата дека сакаме да ги еманципираме сексуалните работнички,“ изјавила градоначалничката, Фемке Халсема.
Во планот е предвидено и дека ќе се наплаќа некоја основна цена за влез во објектот, како би се избегнале толпи туристи дојдени да блеат без да потрошат ни пара.
Против планот се дел од девојките кои сега се ангажирани на излозите во Амстердам, објаснувајќи дека не сакаат да одат во еротскиот центар, туку сакаат да останат во населбата каде сега работат.