ДНК тестови на антички остатоци покажуваат дека двата вида повеќекратно сексуално се вкрстувале во периодот од 35.000 години во кои заеднички живееле во рамниците на Евроазија.
„Станува збор за комплексна мрежа на сексуални средби во кои поединците имале сексуални односи со припадници на својата група - и со други хоминини,“ се објаснува во текстот на Дејли меил.
Ваквите средби научниците делумно ги објаснуваат и со тоа дека во тоа време не се пазело многу многу кој на која група припаѓа и од кој вид е. Освен меѓу себе, неандерталците и луѓето се мешале и со денисованите, уште еден изумрен подвид од родот Хомо.
Првично се мислеше дека сексуалните односи меѓу луѓето и неандерталците било „само една епизода“.