Мечка страв, псилоцибин не страв

За психоделичното соединение содржано во некои видови печурки, неодамна е откриено дека ветува за третман на некои невропсихијатриски нарушувања, вклучувајќи депресија, анксиозни нарушувања и посттрауматско стресно пореметување. Помага во флексибилноста на однесувањето и го поттикнува исчеснувањето на стравовите. Не џабе ги викаат магични печурки. 

Некои студии сугерираат дека консумирањето псилоцибин може да биде особено корисно за лицата кои имаат проблем корисно да го прилагодат своето однесување кога се соочуваат со неочекувани настани или промени во нивната околина. Односно, помагаат во флексибилноста на нивното однесување.

Истражувачите на Универзитетот во Пенсилванија неодамна спровеле студија врз глувци, за да разберат како псилоцибинот може да ја зголеми прилагодливоста и потенцијално да ги ублажи симптомите на анксиозни нарушувања или ПТСП.

Нивните наоди, објавени во Nature Neuroscience, сугерираат дека соединението поттикнува реорганизација на невронските кола во ретроспленалниот кортекс, дел од мозокот лоциран во задниот регион на церебралниот кортекс (најоддалечениот слој на мозокот кај цицачите).

Психоделичниот лек псилоцибин покажува брза и долготрајна ефикасност кај невропсихијатриските нарушувања кои се карактеризираат со нефлексибилност во однесувањето“, напишаа тие во својот труд.

Генерално, наодите од оваа неодамнешна студија сугерираат дека псилоцибинот го поттикнува исчезнувањето на стравот, преку реорганизација на невронските кола. Поконкретно, тимот открил дека соединението ја потиснува активноста на невроните поврзани со стравот, додека регрутира други неврони кои стануваат активни за стравовите да исчезнуваат.

 

4 јули 2025 - 11:36