Непребирливоста на човекот во однос на партнерите нова студија ја регистрира уште во времето на праисториските луѓе и истите ги цинкари дека не пребирале многу дали ќе спијат со човек или со неандерталец.
Судбоносната миграција од вода на копно била направена благодарејќи на очите, а не на нозете, тврдат двајца научници. Според нив дури откако прогледале далеку, нашите акватички предци решиле дека треба да почнат да растат нозе.