Четкањето заби е најголемиот изум во човечката историја, заклучуваат шпански научници судејќи по своите откритија дека уште во најрано доба, човекот користел сплетени и наострени стапчиња за да отстранува остатоци од храната меѓу забите.
Не дека заради ова здивот му бил попријатен туку оралната хигиена му ги одржувало забите подолго време здрави со што тој за прпват можел да живее подолго од своите конкуренти предатори и да има време да мозга и да ги постави темелите на цивилизацијата.
Докази за поседување рудиментирани четкички за заби се пронајдени на остатоците од тоа време, во форма на трагови на коските кои укажувале дека чистењето на устата била редовна постапка.
Докази за најрано отстранување храна меѓу забите датираат уште од периодот на хомо хабилис, кој живеел во периодот пред 1,9 до 1,6 милиони години. Освен за четкање, "прибор" се користел и за олеснување на болка, на пример кога требало да се одвојат два болни заба.